
Во текот на последните неколку години, пандемијата ни го отежна организирањето на нашите меѓународни настани. Меѓу другото, за жал ни го одзеде и балот во Даблин закажан за 2020 година.

Calivita балот е традиционално еден од најпрефинетите и најелегантните настани кои се многу важни за нашата компанија. Затоа сигурно ќе бидете возбудени кога ќе слушнете дека Ви го најавуваме нашиот следен бал кој го очекуваме со години. Дојде време да Ви го најавиме овој голем настан и да ги прославиме извонредните достигнувања на нашите членови!

Срдечно Ве покануваме на нашата приватна гала забава, која ќе се одржи во кристалната сала на хотелот Hyatt Regency во Белград (Србија) на 23 март 2024 година, каде што можете да бидете дел од овој прекрасен настан и да уживате во убавата програма.
Повеќе информации за условите за присуство ќе бидат објавени наскоро. Веруваме дека ќе имаме задоволство да бидете меѓу нашите гости на оваа дефинитивно незаборавна вечер!

Напишете коментар