
Во септември беше претставена нашиот нов мотивациски систем наречен „Fast Track“. Првите, многу охрабрувачки, резултати веќе ги добивме. Затоа ги замоливме некои од оние кои веќе ја искористија оваа прекрасна можност да ги споделат со Вас своите искуства.
Мотивација уште од самиот почеток
Ние знаеме дека од нашиот стабилен и добро функционален систем на наградување се задоволни сите наши деловни партнери. Но, Fast Track системот сега нуди нова можност која ќе го подигне градењето на мрежата на следното ниво и уште на самиот почеток ќе ја направи многу попривлечна. Не само што нашиот систем на наградување работи добро, туку и се повеќе се подобрува!
Покрај другото, Fast Track системот придонесува за стабилноста на нашиот бизнис бидејќи овозможува финансиски успех со кој се задоволни и директниот спонзор и сите членови под него: кликнете овде за го запознаете нашиот Fast Track систем.
Личните искуства подолу докажуваат дека нашите деловни партнери сметаат дека Fast Track системот е многу стимулативен.

Благодарение на Fast Track системот, моите колеги кои не регистрираа нови членови до овој момент, сега почнаа да регистрираат! Кон мојата мрежа се приклучуваат се повеќе нови членови, поради тоа јас сум повеќе од среќна и ги поддржувам во постигнувањето на нивните цели. Мора да спомнам дека дополнителните бонуси исто така се одлични и најмногу ги поттикнуваат членовите. Ви благодариме за Fast Track системот!
Анет Тури-Ковач (Anett Turi-Kovács), 12%, Австрија
Во последните шест месеци пред да стартува Fast Track системот имав се помалку регистрирани нови членови, а со тоа реално се намалуваше и мојот ентузијазам. Се сеќавам на денот кога до мене стигна известувањето за овој нов систем. Внимателно го прочитав и забележав дека мојата мотивација почна повторно да расте кога во првата недела од септември регистрирав три нови членови! Тогаш го добив и извештајот за бонус во октомври и сфатив дека тоа е мојот најдобар месец досега! Сигурна сум дека тоа е само почеток!
Јулијана Болдисар (Julianna Boldizsár), 7% Австрија
Едноставен начин до извонредни резултати
Како можам да го следам Fast Track системот? Треба да бидете на ниво помеѓу 4%-18% и да исполните уште два услови: регистрирајте најмалку два нови члена месечно кои треба да направат првични купувања со вкупна вредност од најмалку 2.000 БП. Тогаш ќе се квалификувате за Fast Track Bonus системот, кој пак ќе Ве награди со 20% од нето вредноста од тие купувања. Повеќе информации ќе дознаете на calivita.mk/fasttrack.

Условите за награди и добивки од Fast Track системот се фантастична можност која ми помогна да постигнам значителен раст уште во првиот месец, како што впрчем успеав да ги зголемам своите приходите! Овој успех не само што ги зголеми моите финансии, туку и мојата мотивација. Верувам дека овој систем ќе убеди многу млади луѓе да ја изберат Calivita како своја можност за кариера, бидејќи денес на младите им е особено важно брзо да постигнат успех. Добивките од Fast Track системот го овозможуваат токму тоа.
Маријана Фејстомер (Marianna Fejsztámer), 7%, Србија
Неколкукратно зголемени добивки
За да ја зголемите Вашата добивка, нема потреба да правите ништо посебно освен она што сте го правеле досега: проширете ја Вашата мрежа и регистрирајте најмалку два нови директни членови месечно со првични куповини од најмалку 2.000 БП.
Ние сме членови на Calivita веќе пет години, но никогаш не сме биле особено заинтересирани за градење мрежа. Кога дознавме за Fast Track системот, решивме да го насочиме вниманието на оваа можност и да продолжиме да работиме со полна брзина. Јас и мојата сопруга, Река, се квалификувавме истиот во септември и заработивме десетици илјади форинти како дополнителен приход, што не направи уште помотивирани. Сметаме дека е одлична можност за сите оние кои се нови и оние кои продолжуваат да ја градат својата мрежа.
Золт Мате (Zsolt Máté), 12% и Река Мате-Ковач (Réka Máté-Kovács), 7%, Унгарија
Исклучително сум благодарен на Calivita за Fast Track системот. Тоа им дава голема мотивација на новите колеги, a исто така и мене. Постојано ги следиме перформансите на нашиот тим и многу е убаво да се види дека нашите нови членови заработуваат не само неколку евра за исплата, туку и до 130 евра или дури и повеќе со Fast Track системот, на ниските почетни нивоа. Ова е фантастична можност!
Јудит Крисан-Франко (Judit Krizsán-Frankó) u Атила Крисан (Attila Krizsán), 18%, Унгарија
Веруваме дека и Вие ќе се обидете да ја искористите оваа одлична нова можност и ќе ја остварите својата заработка со новиот систем. Искористете ги придобивките што Ви ги нуди Fast Track системот сега!

Напишете коментар