
Со почетокот на есента и постуденото време, потрагата по квалитетни додатоци што содржат витамини како и нивното користење станува се поактуелно. Секако дека постојат и луѓе кои мислат дека важноста на внесот на витамини е пренагласена и дека повеќе се работи за паметен маркетиншки трик. Додека тие мислат така другите добро знаат дека витамините се неопходни телото да функционира правилно, за да имаме доволно енергија, да се бориме против болестите и нашите клетки да се регенерираат. Се разбира, функциите и ефектите на витамините имаат многу широк спектар, некои ги штитат нервните клетки, други помагаат во згрутчување на крвта, потоа помагаат да се справите со инфекции и така натаму. Ќе разгледаме подетално некои витамини, оние кои се најпопуларни и најпознати:
Витамин Ц
Нашиот најпознат витамин, витамин Ц, е неопходен за нормална метаболичка функција. Во телото делува како антиоксиданс, всушност, тоа е најважниот антиоксиданс за нервниот систем. Помага во заштитата на клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали, (на пример, од чад од цигари, загадување на воздухот или УВ зрачење). Овој витален витамин е клучен во производството на колаген, кој е потребен за заздравување на раните. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото и му помага на нашиот имунолошки систем да функционира правилно. Недостатокот на витамин Ц, од друга страна, предизвикува замор а исто така неговиот недостаток може да биде основната причина за гингивитис. Оние со ниски нивоа на витамин Ц може да забележат ситни, црвени или виолетови дамки на кожата, исто така може да јават болки во зглобовите и мускулите. Други знаци на ниски нивоа на витамин Ц се: отечени непца, склони кон крвавење, забите стануваат лабави, па дури и паѓаат во екстремни случаи. Потоа нарушувањата на коските и сврзното ткиво и анемија се исто така чести случаи.
Витамин А
Витаминот А е важен функционален витамин за мрежницата на окото, тој игра витална улога во нашиот вид. Помага во одржување на нормалната состојба на кожата, исто така игра улога во правилната имунолошка функција и многу друго. Недостатокот на витамин А е причина за чести респираторни инфекции и инфекции кои предизвикуваат дијареја и општа намалена отпорност на одредени бактериски инфекции. Ниските нивоа на витамин А имаат негативно влијание не само на имунитетот, туку и, како што споменавме погоре, на нашиот вид, додека анемијата исто така може да биде меѓу проблемите што произлегуваат.
Витамин Д
Популарниот витамин Д е најпознат по неговата важност за силни коски бидејќи му помага на телото да го апсорбира калциумот. Неговата улога е голема и во други области, на пример за движење на мускулите, за нервниот систем за пренесување на импулси, за правилно функционирање на имунолошкиот систем.
Недостатокот на витамин Д може да доведе до слаби коски и чести инфекции, но и сезонска депресија и мускулна слабост. Исцрпените нивоа ја зголемуваат веројатноста од автоимуни болести, па дури и ризик од одредени видови на рак.
Витамин Е
Витаминот Е е уште еден важен антиоксиданс, кој помага во заштитата на нашите клетки од штетните ефекти на слободните радикали (како што се чадот од цигарите, загадувањето на воздухот или УВ зрачењето). Освен тоа, на телото му е потребно за правилна имунолошка функција. Тој помага да се прошират крвните садови и да се спречи згрутчување на крвта, а нашите клетки го користат за да комуницираат едни со други. Недостатокот на витамин Е речиси секогаш е поврзан со одредени болести во кои мастите не се правилно апсорбирани. Може да предизвика оштетување на нервите и мускулите што доведува до тешкотии во контролирањето на движењето на рацете или нозете и движењата на телото воопшто, како и мускулна слабост, па дури и проблеми со видот. Друг знак за ниско ниво на овој важен витамин може да биде ослабената имунолошка функција.
Витамин Б12
Помеѓу голем број други важни функции, витаминот Б12 помага во одржување на здрави крвни клетки и нервни клетки во телото и има улога во спречување на анемија. Ако ви се случи да имате недостаток на витамин Б12, може да се чувствувате безволно: тоа е слабо и уморно. Ниските нивоа може да резултираат со бледа кожа, палпитации, губење на апетит и губење на тежината дури и неплодност! Рацете и стапалата честопати може да ви вкочанат, а може да почувствувате и пецкање што е знак за нервни проблеми. Други симптоми на недостаток на витамин Б12 може да вклучуваат проблеми со рамнотежата, депресија, збунета состојба на умот, деменција и проблеми со меморијата, исто така знаци на недостаток може да бидат болка во устата или болен јазик.
Фолна киселина
Фолната киселина е член на семејството на витамини Б. На нашето тело му е потребна за производство на ДНК, а исто така е неопходна и за клеточната делба. Недостатокот на фолна киселина влијае на коскената срцевина и резултира со намалено производство на крвни клетки, па дури и структурно оштетување на ДНК, што може да игра улога во развојот на рак. Иако горната листа е далеку од комплетна, секако би било невозможно овде да се претстават сите витамини со сите нивни придобивки. Она што е јасно од ова кратко резиме е дека повеќекратните улоги на витамините во никој случај не треба да се потценуваат, бидејќи нивните разновидни функции се незаменливи за нашето добро здравје. Како и секогаш, може да се тврди дека правилната и разновидна исхрана заснована на здрава и квалитетна храна од сигурни извори и подготвена на здрав начин може да гарантира добар внес на витамини. Бел разлика на тоа секогаш кога сметате за потребно може да ја надополните Вашата исхрана со квалитетни суплементи да му дадете дополнителна поддршка на Вашиот организам.

Напишете коментар