
По завршување на летото, одморени и збогатени со искуство, можете да почнете да го планирате есенскиот период со нова мотивација, затоа што пристигна Fast Track, брз начин на остварување на финансиска заработка за активните членови во share marketing-от!

Извонреден бонус за нови членови
Претходно, во тек на деловна презентација, кога се презентираше финансиската мотивација, повисоките деловни нивоа беа оние кои секогаш беа во фокусот, но сега повеќе не е така.
Но, што ако потенцијалниот клиент има други очекувања и бара начин, уште на почетокот да може да оствари задоволителна финансиска мотивација? И што ако спонзорот сака за кратко време да биде финансиски поуспешен?
Во овие ситуации, Fast Track, новиот стимулативен систем на Calivita, го дава решението! Со помош на Fast Track, дури и почетните деловни нивоа стануваат исклучително поволни затоа што оние кои почнуваат да градат бизнис сега не мора да чекаат со месеци за да добијат посериозен бонус. Ако ја искористат оваа можност, можат да добијат извонреден приход уште од самиот почетокот!
Fast Track има огромна предност и на повисоките деловни нивоа, бидејќи новите членови ја зголемуваат широчината и стабилноста на мрежата.

Како можете да учествувате во Fast Track?
Треба да бидете на деловните нивоа од 4%-18% и да ги исполните следните два услови во тековниот месец:
• Запишете најмалку два нови регистрирани членови,
• Вредноста на нивната куповина при регистрација заедно треба да достигне најмалку 2000 БП.
Во овој случај, ќе добиете Fast Track бонус, што е 20% од нето вредноста на купувањето за регистрација.
Овие услови може да се исполнат најмалку со двајцата нови членови или со повеќе членови кои заедно ќе постигнат 2000 БП како куповина при регистрација.
Но, зошто би биле задоволни само со ова? Ако имате право на Fast Track, тогаш ова не е единствениот дополнителен бонус што може да биде Ваш! Покрај Fast Track, можете сè уште да учествувате во Bonus Booster системот, TLP системот, како и во Прогресивниот систем за бонуси!

Уживајте во оваа предност!
Со Fast Track секој член на Вашата мрежа победува. Како активен член во share marketing-от, можете да добиете повисока бонус исплата, бидејќи 20% од нето купувањето за регистрација на Вашите нови членови може да биде Вашата нова добивка. Бонусот станува мотивирачки дури и за почетните деловни нивоа бидејќи на овој начин можете да им претставите уште поатрактивна деловна можност на Вашите потенцијални клиенти. Вашите посериозни бизнис перспективи ќе се реалност со Fast Track системот од самиот почеток, а тоа ќе ја зајакне Вашата мрежа што ќе значи постабилен и попрофитабилен бизнис модел.
Префрлете се на Fast Track! Навистина вреди!
„Новата мотивација за бонус со Fast Track систем речиси целосно ги има вообичаените карактеристики за исплата на share marketing-от. Тоа треба да биде дополнителна мотивација да се регистрираат нови членови бидејќи со овие поволни услови активен член во share marketing-от може да заработи повеќекратно од вообичаениот бонус во почетниот месец. Овој начин може да ги поттикне неактивните членови да започнат повторно да работат. Информирајте ги веќе постоечките клиенти со можноста за овој дополнителен приход!“
Andrea Felső (Андреа Фелшо), ТРМ
*Внимавајте дека само куповините за регистрација се вбројуваат во Fast Track, па доколку Вашиот нов член повторно купи во месецот кога се регистрирал, тогаш таа сметка не припаѓа исплата на бонус во Fast Track системот.
Само оние ТP на новиот регистриран член во Fast Track, не се калкулираат во ГТП на целата линија. ТП на сите понатамошни купувања на новиот член, се калкулираат како ГТП во целата линија, додека пак сите БП се појавува во целата линија без разлика дали се од првото или понатамошните купувања.
При регистрацијата на сметките кои содржат уред со висока вредност, нема да учествуваат во Fast Track системот. Доколку има таков уред во сметката за регистрација тогаш целата фактура е надвор од опсегот на Fast Track системот, а не само уредот, и исплатата на оваа сметка се прави според номиналниот систем на Calivita.
За повеќе детали, посетете: https://calivita.mk/fasttrack

Напишете коментар