Curcuma Pro – што е тоа?

Поради своите лековити својства куркумата се одгледувала и се користела во традиционалната кујна и медицина во Индонезија и Индија уште пред 5000 години. Куркумата содржи супстанции кои поседуваат лековити својства, наречени куркуминоиди, од кои најважен е куркуминот, кој има антиинфламаторно и антиоксидантно дејство. Благодарение на внесот на куркуминоиди, можеме да постигнеме зајакнување на имунолошкиот систем, подобрување на здравјето на дигестивниот тракт, намалување на воспалителните процеси во телото (од циркулаторниот систем до зглобовите), подобра контрола на нивото на холестерол, подобрување на функцијата на црниот дроб итн.


Куркума против воспаленија на зглобовите
Куркумин, активната состојка на куркумата е, еден од најмоќните антивоспалителни супстанции. За разлика од стероидите не ги оштетува срцето и црниот дроб и затоа е многу популарен во третманот на воспаленија на зглобовите.
Содржината на куркумин во куркумата е само 3%, тоа значи дека би требало преку исхраната да се внесе многу голема количина куркума во прав за да се постигне терапевтска количина на куркумин во телото. Затоа се користат екстракти кои содржат активни компоненти исцрпени од куркумата во вид на додатоци во исхраната кои го даваат потребниот терапевтски ефект. На овој начин само преку една капсула Curcuma Pro на Calivita се добива количината на активни материи што инаку би ја добиле од 7200 мг прашок од куркума.

Уникатна технологија, поефективна апсорпција
Друга причина што го прави посебен производот Curcuma Pro е можноста за максимална апсорпција на куркуминот од овој производ. Имено, употребата на куркума во прав, иако е здрава и препорачана, не може да обезбеди задоволително ниво на искористеност на куркуминоидите, бидејќи тие се големи молекули кои тешко ги апсорбираат нашите црева. Затоа производот на Calivita Curcuma Pro содржи и заштитена форма на куркумин тоа е формулата MicroActive®, каде што активната супстанција е присутна во микрочестички со што се обезбедува уште подобра апсорпција и искористување. Производот дополнително содржи BioPerine® – екстракт од црн пипер, кој служи за максимална апсорпција на куркуминот.
Според тоа, Curcuma Pro е висококвалитетна и корисна формула чии активни супстанции можат да постигнат максимален терапевтски ефект во телото.

Здравствени придобивки од Curcuma Pro
Редовното користење на производот Curcuma Pro ви пружа голем број здравствени придобивки и може да ве заштити од многу болести. Спречува Алцхајмерова болест – го спречува таложењето на наслаги на крвните садови во мозокот и се олеснува снабдувањето на мозокот со кислород. Тоа придонесува за спречување или забавување на развојот на Алцхајмерова болест. Го подобрува имунитетот – куркумата содржи супстанција која го стимулира имунитетот, неjзиното користење ги намалува шансите да страдате од настинки, кашлици и грип.
Спречува заболувања на црниот дроб. Куркумата е природен детоксификатор на црниот дроб. Го помага производството на ензими коишто вршат детоксикација на крвта и ја подобрува циркулацијата на крвта. Го подобрува варењето – го стимулира лачењето на жолчка кој го подобрува варењето и ги намалува симптомите на надуеност гасови. Зголемениот проток на жолчка ги елиминира маснотиите и затоа се препорачува за оние што сакаат да ослабат.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑