Уште едно незаборавно искуство…

Одлично друштво, неверојатна локација и широк спектар на возбудливи програми – уживавме во 20-тиот Летен камп на Calivita

Ова лето се вративме во едно од најголемите одморалишта на хрватското крајбрежје и повторно поминавме една недела во прекрасниот Затон, восхитувајќи се на чудесното море, раскошниот парк и удобноста на нашите првокласни апартмани. Возбудливата програма дизајнирана за нашите учесници беше, како и обично, организирана како огромен семеен собир на стотици членови на Calivita кои заедно одмораа седум фантастични денови, исполнети со различни искуства секој ден. Одличната атмосфера покрај големиот избор на разновидни програми беше надополнета и со навистина неверојатен тим на нови лица како и веќе познати, полни со ентузијазам и желба за соработка. Без вакво единство, успехот на ваков настан би бил незамислив.


Покрај активната рекреација, посветивме доволно време на нашиот личен развој и максимално го искористивме времето за да ги прошириме нашите хоризонти. Покрај можноста за консултации со високите менаџери, имаше можност за учество на професионални работилници и стекнување корисни вештини и практично знаење. Импресивната програма беше крунисана со присуството на Џери Харгитаи, претседател и основач на Calivita. Непотребно е да се каже дека разговорите со него беа со голема мотивациска вредност и голем поттик за среќните учесници!
Во духот на мисијата на нашата компанија, имавме широк избор на фитнес и велнес програми за млади и стари. Можеше да се изберат различни настани како сесии за здравствени совети, анализа на капка крв, групни часови за деца и возрасни, па дури и масажа – сè што претставува еден здрав начин на живот.


Активна рекреација вклучувајќи релаксација и забава е многу важен дел од нашата богата програма на Летниот камп. И оваа година повторно го искористивме максимумот, се забавувавме и целосно да се опуштивме! Учествувавме во спортски трки, тимски натпревари и игри, и се разбира прекрасни забави. Секоја вечер нашата вечерна забава беше со различна тема, а тоа создаваше и различна атмосфера. Според традицијата на нашите летни кампови, организиравме и Национална вечер со претставниците на секоја земја од Calivita, кои со деликатесите од сопствената земја секогаш нудат посебни задоволства и изненадувања. Караоке ноќта која е омилена на сите уште еднаш се покажа како голем успех, додека Филмската вечер им даде шанса на сите да го освојат црвениот тепих облекувајќи се како своите омилени ликови. Различни бендови и диџеј во живо на гостите од сите возрасти им понудија незаборавни забави. Официјалната програма заврши со блескава забава и гламурозна парада со огномет што ја направи нашата последна вечер уште понезаборавна.


Сите се вративме дома расположени и збогатени со искуства. Летниот камп Calivita 2023 ни донесе прекрасни искуства, голем професионален напредок и безброј нови пријателства! Овој прекрасен настан, кој се организира секоја година, го зближува нашиот огромен меѓународен тим. Тоа е доказ дека тимската работа има огромна моќ и на тоа се темелат нашите резултати кои секоја година се сè поголеми! Деновите од летниот камп поминаа многу брзо и со нетрпение очекуваме следната година повторно да се отворат вратите на некое друго место со уште помасовно присуство на членови од нашето големо семејство Calivita!


Ако сакате да ги видите фотографиите направени на нашиот 20-ти Меѓународен летен камп, посетете ја галеријата Calivita flickr и погледнете!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑