Наскоро пристигнува Gummy Kids!

Внесувањето на овошје и зеленчук во исхраната кај децата не е секогаш лесно. Родителите знаат дека е најдобро витамините кои се потребни за здрав развој на своите деца да се внесуваат секојдневно преку храната и затоа инсистираат но, не е секогаш имаат успех во своите намери. Имајќи го предвид ова Calivita нуди вкусно и прифатливо решение. Наскоро пристигнува производот Gummy Kids, мултивитамин за деца во форма на гумени бонбони.


Научете ги Вашите деца на здрав живот преку забава и игра
Создавањето на овој производ е резултат на Вашите желби и потреби, сфативме дека треба да создадеме мултивитамин кој ќе биде добро прифатен од најмалите. Затоа го направивме да биде сладок, вкусен, шарен и лесен за џвакање. Сега Вие сте на потег! Убедени сме дека го создадовме токму тоа што го посакувавте! Кој би можел да одолее на вакви преслатки, смешни, мали мечиња? Изберете жолто, а потоа пробајте и црвено, за да може да уживате во вкусот и на јаболко и на јагода. И што е најважно сега спокојно може да седите и да се опуштите бидејќи среќните деца ги прават и родителите да се среќни!


Уживајте во природните бои и вкусови без додадени засладувачи
Gummy Kids гумените мечиња се направени од желатин, а тоа е она што ги прави толку лесни за џвакање. Боите и вкусовите се сите од природни извори. Мечињата не содржат никакви засладувачи, бидејќи добро знаеме дека многу луѓе се чувствителни на тоа. Исто така посветивме посебно внимание нашите мали гумени бонбони за џвакање да не содржат ГМО, глутен, соја, лактоза, млечни протеини, како и јаткасти плодови.

Предност е комплексниот состав
И покрај конзистенцијата на желатинот кој не дозволува присуство на повеќе активни состојки во него, со гордост изјавуваме дека го надминавме тој проблем и успеавме да создадеме навистина сложен мултивитамин. Gummy Kids на Calivita ги содржи сите оние витамини и минерали кои му се потребни на телото на Вашето дете: витамин А, витамин Ц, витамин Д3, витамин Е и витамин К1 и многу повеќе од тоа – на пример, содржи неколку витамини од Б групата, јод и цинк. Сите овие придонесуваат децата да се развиваат на правилен начин и да стекнат соодветна отпорност и здрав имунитет.


Одберете здрави грицки
Ако додека го читате текстот се навраќате на убавите спомени од Вашето детство како џвакате гумени бонбони, не е ништо необично. Не се двоумите доколку Ви падне напамет да порачате кутија и за себе и додека ги носите Вашите деца на училиште, заедно со нив да изџвакајте едно Gummy Kids и Вие!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑