Луксузно СПА искуство во удобноста на Вашиот дом

Летото замина за миг, а есента веќе пристигнува! Покрај секојдневните обврски не забележуваме дека ни остануваат уште само четири месеци од оваа година. Патем, дали некогаш сте се запрашале како е да излезете волшебниот круг на секојдневните обврски? Да го оставите целиот стрес и напнатост зад себе, барем понекогаш доколку не можете тоа да го направите на подолг период? Сега имате шанса да патувате виртуелно, да го извлечете максимумот од секој период во годината, а не само во лето, и воедно да ги наполните батериите … На пример, еден викенд, ден, момент, во релаксирачки спа-центар. Токму тука можеме да Ви помогнеме. Пробајте ги новите производи од линијата OrganiCare и патувајте со нас!


Наполнете ги батериите – психички и физички
Со помош на линијата производи Organicare ќе доживеете вистинско луксузно СПА искуство директно во Вашиот дом. Гелот за туширање, шампонот и регенераторот за коса се целосно обновени и по состав и по амбалажа. Со задоволство Ве известуваме дека се збогатени со скапоцени нови состојки како масло од арган, масло од семки од калинка и екстракт од морски ким. Состојката од аргановото масло ја храни и штити кожата и косата. Маслото од семе од калинка е одличен антиоксиданс со хранливи и хидратантни својства, а екстрактот од морскиот ким ја детоксифицира, храни и ја подобрува текстурата на кожата и косата, а исто така обезбедува дополнителен кислород. Исто така покрај промени во составот и мирисот на овие производи сега е сосема нов! Апсолутно ќе ви се допадне оваа елегантна, унисекс мирисна нота која зрачи со освежителен мирис на големиот Медитеран. Ова е совршена можност за уживање и полнење на батериите преку користење на овие производи, а е подеднакво одличен избор и за него и за неа.


Запознајте го новиот пилинг за тело ORGANICARE BODY SCRUB!
Кога станува збор за бања, има нешто што е апсолутно задолжително во секаков вид бања, а тоа се разбира е пилинг за тело. Ова е сосема но производ во Organicare палетата. Овој нов член во Ви нуди задоволство 4-во-1: третман за детоксикација, хидратација, ревитализација и подобрување на расположението!
Како делува? Прво, оризовите трици и микронизираните листови од маслиново дрво (ситно здробени за да овозможат нежен и темелен пилинг) делуваат на кожата, длабински ја чистат и детоксифицираат и ја подготвуваат за следниот чекор. Следува комбинираното дејство на скапоцената алое вера, раскошниот шеа путер, прекрасното маслиново масло и хијалуронска киселина. Заедно волшебно делуваат и за миг и ја хидрираат, омекнуваат и смируваат кожата. Резултат од нивното делување е сјајна кожа полна со енергија. Овој пилинг е посебен бидејќи покрај на кожата делува и на душата! Вдишувањето на мирисот на Медитеранот, со ноти на портокал и лаванда, Ве расположува, освежува, и го полни со енергија целото Ваше тело.


ORGANICARE ELIXIR за интензивен ефект против стареење
Имаме уште нешто за Вас: нов член во линијата против стареење, Calivita OrganiCare Elixir – извонреден производ за лице кој помага во борбата со времето и стареењето. Какво изненадување ни носи овој производ?
Ова е многу лесен гел крем кој брзо се апсорбира, омилен кај сите кои преферираат лесна текстура наместо производи со поголема густина. Дали барате супер хидратантен крем против брчки кој ќе го користите пред нанесување на шминка? Еликсирот OrganiCare е без сомнение идеален избор. Тој во исто време е и многу концентрирана формула која воопшто нема вода во својот состав. Неговите активни состојки – чист гел од алое вера, со извонредно висок процент, и хилуронска киселина, со две различни молекуларни тежини, ја врзуваат водата, длабински ја хидрираат кожата и интензивно ја намалуваат појавата на сите брчки. Резултатот е порамномерен тон на кожата, како и поубава и посјајна кожа со помлад изглед.

Совет: Еликсирот OrganiCare може исклучително добро да се комбинира со стариот добар крем против стареење OrganiCare. Користете го лесниот, длабоко хидратантен еликсир пред да се нашминкате, додека погустиот крем против стареење, богат со активни растителни состојки, може да го користите за негување на кожата додека спиете. Ако сакате можете да ги користите и двата производа заедно. Во овој случај, започнете прво со Еликсирот, а потоа продолжете со побогатиот и погуст крем против стареење.

Дозволете си целосно да уживате во моментите издвоени за себе. Ќе почувствувате како новите производи на OrganiCare со своите органски активни состојки го хранат и разгалуваат Вашето тело. Само опуштете се и потонете во луксузното СПА чувство.

Овие долгоочекувани производи во семејството OrganiCare, покрај сите корисни дејства Ви помагаат и да одвоите време за себе.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑