И оваа есен Вашиот имунитет нека Ви биде приоритет!

Со променливото време и намалувањето на температурите стартува сезоната на настинки. Започнувањето со работа на училиштата и градинките се дополнителна грижа за родителите како да ги заштитат своите деца од настинки и да изградат силен имунитет.

Calivita во својата широка палета содржи производи кои ќе ви помогнат да ги дочекајте есента и зимата подготвени и да се заштитите себе си и вашите најблиски од настинки, грип и непријатни болки во грлото.


SambuRex – течен зајакнувач на имунитетот


Бозелот е со векови позната традиционална лековита билка. Екстрактот од неговиот плод е богат со јаки природни антиоксиданти, флавоноиди, витамин А и Ц како и висока концентрација на селен и Б витамини. Екстрактот од плод од бозел има докажан антивирусен и имуностимулаторен ефект бидејќи го спречува врзувањето на вирусот за клетката и го блокира неговото понатамошмо ширење и размножување. Исто така тој е и имуностимулатор, ја зголемува одбранбената способност на организмот. Овој вкусен течен производ содржи и ехинацеа, билка позната како моќен поддржувач на имуниот систем, цинк и витамин Ц и е погоден за употреба на сите членови од семејството за заштита од настинки типични за постудените месеци.


ImmunAid – зајакнувач на имунитетот со мачкина канџа


Овој производ е комплекс од билката мачкина канџа со минералот цинк. Историјата на мачкината канџа датира многу одамна, се верува дека таа е лек од многу култури кои ја користеле за стимулирање на имунитетот и против патогени инфекции. Алкалоидите што ги содржи ја зајакнуваат имунолошката функција на организмот преку зголемување на бројот и активноста на белите крвни зрнца кои се важна компонента на имунолошкиот систем. Taa делува како природен антибиотик и воспоставува нормална функција на организмот после болест. Ефектот на мачкината канџа е дополнет со органски врзан цинк кој исто така ја поддржува нормалната функција на имуниот систем.


Immunvirex – моќен блокатор на патогените


Immunvirex е мултифункционален производ со посебно избран состав: пред сè кверцетин кој според истражувањата се смета за најдобар природен антиоксиданс, куџу билка која поради своите антиоксидантски и антиинфламаторни својства често се користи во традиционалната кинеска медицина за лекување на различни здравствени состојби. Во состав на производот влегуваат Д3 и цинк кој се сметаат за темел на имунитетот, потоа бетаклуканот ги активира микрофагите, таканаречени клетки чистачи и на тој начин го насочува имунолошкиот одговор и L. Rhamnosus кој учествува во регулирање на имунолошкиот одговор, затоа се нарекува и имунобиотик.


Virаgo – комплекс за зајакнување на имунитетот


Ефикасното дејство на овој производ се должи на неговиот природен состав од шест природни активни компоненти. Олеуропеинот е состојка присутна во екстрактот од лист од маслинка има антимикробен, антиинфламаторен и антиоксидативен ефект, одлично е надополнет со лизинот-аминокиселина која го спречува размножувањето на вирусите. Ехинацеата е добро позната билка во борба против микроорганизмите, а мачкината канџа заедно со цинкот значително ја подобруваат функцијата на имунолошкиот систем.


Bee Power – матичен млеч за сечиј имунитет


За матичниот млеч се знаело уште од стари времиња. Матичниот млеч е концентрација на аминокиселини, витамини, хормони, минерали, ензими … во идеални односи и затоа се смета за драгоцен биостимулатор на организмот, тој во себе содржи сè што е потребно за раст, развој и нормално функционирање на организмот.
Се препорачува за сите кои сакаат да ја подобрат функцијата на имунолошкиот систем на природен начин, за деца за подобар апетит и појак имунитет, за подобрување на виталноста на телото и заздравување од болести.


Lion Kids +D – формула за здрави и среќни деца!


Ако сакате вашите деца да бидат здрави, активни, со правилен раст и развој,одберете Lion Kids +D мултивитамин за деца кој содржи цела палета на витамини и минерали во трагови, формулирани специјално за деца, за да им помогнат да надополнат сè што им недостасува во исхраната. Lion Kids +D се таблети за џвакање со пријатен вкус на тропско овошје.


Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑