
Неговите светложолти цвеќиња се отвораат само за кратко по стемнувањето. Пред да изгрее сонцето тие изумираат. Следната вечер нови цвеќиња го красат растението. Се претпоставува дека енотера биенис (Oetnothera biennis) од Јужна Америка се проширила кон Север, кон источното крајбрежје на Канада. Популарно била уште за време на индијанците, меѓу другото за третирање на разни кожни проблеми, за лекување на рани, а се користела и против астма, настинки. Во XVII пристигна во Англија, каде што подоцна се спомнувала само како: сеопштиот лек на кралот.Во маслото на јагликата се наоѓаат две важни незаситени масни киселини: линолеинската киселина (поточно алфа линолеинската киселина) и гама линолеинската киселина. Првата спаѓа во групата на есенцијалните масни киселини, што значи дека организмот не може сам да ја произведе, туку во нашето тело се внесува по пат на исхраната. Додека втората, гама линолеинската киселина, се произведува во организмот од материјалите внесени со исхраната.Есенцијалните масни киселини (често ги спомнуваме како Ф витамин) се познати по многубројните поволни делувања. Меѓу другото штитат од срцевите заболувања, од мозочни крвавења, од висок притисок и од здебелување. Организмот првенствено од линолеинската киселина ја произведува гама линолеинската киселина којашто служи како извор на простагландините, кои имаат важна улога во организмот. Најважен меѓу простагландините е простагландинот Е1 (PGE1), којшто го намалува крвниот притисок, ја намалува можноста за згрутчување на крвта, ја поттикнува работата на имунолошкиот систем и ги регулира функциите на мозокот. Светската Здравствена Организација (WHO) толкава важност им придава на есенцијалните масни киселини, што предлага од дневното внесување на калории есенцијалните масни киселини да изнесуваат 3% кај возрасните, а 5% кај децата и мајките доилки. Од маслото што се добива од јагликата 72% изнесува линолеинска киселина, а 9% гама – линолеинската киселина, така што ова растение се смета за најбогат природен извор на биолошки активниот Ф витамин. Не само што има антиоксидантни својства, т.е. ги неутрализира слободните радикали што се штетни за нашето тело, туку го спречува и нивното настанување. Современиот начин на живеење и исхрана за жал не придонесуваат да внесуваме доволни количини на незаситени масни киселини. Точно спротивното: нашата исхрана е богата со заситени масни киселини и со холестерин, со обработени растителни масла (во овие веќе ги нема незаситените масни киселини) и со алкохол.Научникот Јилл Белцх од Универзитетот во Глазгов испитуваше 52 болни, кои патеа од реуматично воспаление на зглобовите (реуматоид артритис). Во рамките на испитувањето каде што се користеше и двојно слепото плацебо (средство што имитира лек без лековити својства) на 17 пациенти им се даваше масло од јаглика, на други 17 комбинација на масло од јаглика и рибино масло, а останатите 18 пациенти добиваа плацебо. Сите учесници на испитувањето добиваа 6 капсули секое утро и навечер. На 83% болни од првата група значително им се намалија болките, гака што можеа да ги намалат или да ги изостават средствата за смирување на болките, во втората група 94% од болните можеа да постапат на сличен начин, додека кај болните што примаа плацебо овој процент изнесува 34%. Подобрувањето беше приметливо после 2-4 месеци по започнувањето на терапијата со капсули. Маслото од јаглика се покажа ефикасно и на други полиња. Неговата примена во голема мерка го спречува настанувањето на непријатните симптоми пред менструацијата (пред менструален синдром – ПМС). Едно истражување во Велика Британија опфати 70 жени, кај кои претходно со други средства не се успеало да се отстранат болките и непријатностите што се повторуваа од месец на месец. Со земање на 3 × 2 капсули од маслото кај 67% од болните потполно се изгубија симптомите, кај 22% се забележи делумно подобрување, додека само кај 11% не се јавија промени со оваа терапија.
Ова масло може да биде корисно и за одвикнување од пиењето кај алкохоличарите. Бидејќи алкохолот го спречува претварањето на линолеинската каселиаа во гама-линолеинска киселина, се намалува нивото на Е1 простагландинот кај алкохоличарите, што доведува до депресија. А депресијата пак го поттикнува пиењето. Со тоа што маслото од јаглика ја намалува депресијата, посредно делува и за намалување на желбата за пиењето.Понатаму, познат е и фактот дека алкохолот ги оштетува црниот дроб и бубрезите, а маслото од јаглика спречувајќи ја ензимската блокада, што ја предизвикува алкохолот, значи е заштита на овие органи до одреден степен.
Други поволни дејствија на маслото: ја намалува појавата на компликации од шеќерната болест ја намалува прегрејаноста (хиперактивноста) што произлегува од нарушувањето на работата на штитната жлезда, и го забавува процесот на стареењето. Поради сето ова разбирливо е дека маслото од јаглика е средство за дополнување на исхраната што може да има најширока примена, па затоа заслужува да добие место во секое домаќинство.


Напишете коментар