Подгответе се за почетокот на учебната година!

Летниот одмор е во тек, но мораме наскоро да почнеме да се подготвуваме за почетокот на учебната година, бидејќи нашите деца ќе треба да поминуваат подолго време во затворен простор заедно со повеќе деца. Значи, веќе е време да почнеме да размислуваме за есенско зајакнување на имунитетот. Треба да се има предвид дека во семејствата со повеќе деца на различна возраст кои одат во различни заедници настинките ќе бидат почести. Но, тука се производите на Calivita кои ќе Ви помогнат полесно да ги пребродите периодите на настинка за помалку да отсуствуваат децата од училиште.

Да Ви претставиме некои производи за деца, почнувајќи од најмала возраст. За нив вистински избор е течниот производ Pre Steps Daily. Овој мултивитамински комплекс за бебиња и мали деца е лесен за дозирање и благодарение на неговиот природен вкус на портокал е омилен меѓу најмладите.

Покрај него постојат уште два течни производи кои може да се даваат на деца од многу мала возраст. Еден од нив е D-drops со кои на безбеден и едноставен начин ќе го дополните внесот на витамин Д што му е потребен на Вашето дете. Другиот производ е Liquid C+ Bioflavonoids, кој може да се дава на деца од која било возраст како додаток на витамин Ц.

За поголемите деца подготвуваме изненадување. Во палетата на производи на Calivita повторно ќе има витамини во форма на гумени бонбони! Gummy Kids витамините се најпопуларната форма на мултивитамини кај децата и со нивно користење можете да бидете сигурни дека децата ќе добијат поддршка за здравјето со многу квалитетен производ. Неговиот вкус и обликот на плишено мече го прават победнички избор!

За оние кои можеби не сакаат гумени витамини, мултивитаминската таблета за џвакање Lion Kids + D комплекс е многу добра алтернатива. Една таблета содржи 20 витамини и минерали коишто им се неопходно потребни на Вашите најмили. Друга таблета за џвакање за деца е Lion Kids +C, таа содржи витамин Ц и има пријатен вкус на портокал.

Кога зборуваме за таблетите за џвакање, да не заборавиме на пробиотиците Probio Balance, кои содржат четири милијарди про-и пребиотици и ќе бидат ефикасна заштита за имунолошкиот систем на Вашите деца.

Имаме и два одлични течни производи за деца од предучилишна и училишна возраст. Едниот е Organic Noni, кој со право е познат како кралица на овошјето, бидејќи е посебно овошје кое содржи многу есенцијални хранливи материи, витамини и минерали. Покрај него, омилен за децата е и Zenthonic, кој е супер овошен концентрат за поддршка на имунолошкиот систем благодарение на вредните активни состојки на разновидните овошки од кои е направен.

Многу луѓе користат и омега-3 додатоци за своите деца. Во овој случај Ви предложуваме да ја одберете течноста Nordic Pure Omega 3 Liquid, која е природно рибино масло со врвен квалитет и со освежителен вкус на лимон. Како што можете да видите, Calivita има широк спектар на одлични производи за деца. Од оваа широка палета сигурно дека ќе ги најдете вистинските производи. Подгответе го Вашето дете навреме за почеток на училишната година во есен!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑