
Очите се еден од најчувствителните органи, на кои е потребно да им посветиме посебна грижа и внимание. За среќа на дел од болестите на окото може да се влијае и со навремена суплементација може да се спречи нивното појавување или да се запре прогресијата доколку веќе настанале многу надворешни фактори како што се UV зраците, слободните радикали, електросмогот од мониторите, стресот и уште многу други на кои сме секојдневно изложени, влијаат штетно на функцијата на окото. Очилата за сонце и капките кои често ги користиме не се доволни. Неопходен е внес на материи кои преку крвотокот ќе стигнат и ќе делуваат целно во насока на заштита на очите.
Лутеинот е соединение кое припаѓа во групата на каротеноиди. Тој се распределува во целото ткиво на окото, а особено во жолтата дамка на мрежницата и во очната леќа. Неговата улога е исклучителна во насока на протекција од штетните влијанија на слободните радикали, пред сè при токсичните пероксидативни реакции на липидната мембрана. Во последно време е се позастапена болеста на заматување на очната леќа – катаракта. Најголемиот дел од таквите пациенти завршуваат на оперативен третман со замена на леќата. Во таа насока повеќе научни студии ја докажаа позитивната улога на лутеинот во нејзиното спречување и третирање, а со тоа и спречување или пролонгирање на оперативниот третман на катарктата. Исто така, научно докажана е и улогата на лутеинот во третманот на макуларната дегенерација. Современиот начин на живот често е поврзан со оштетување на очите и проблеми со видот кои се јавуваат поради постојана работа пред компјутер. Лутеинот е одличен во заштита од штетните влијанија на електросмогот врз очите. Природен извор на лутеинот се некои растително продукти, како: спанаќ, зелка зелен грав, манго, папаја. Меѓутоа заради неговото есенцијално значење за зачувување на здравјето на очите, во одредени ситуации е добро да се внесе преку суплементација со производи кои го содржат. Особено им е потребен на: лица кои постојано работат пред компјутер или гледаат многу телевизија, лица на строги диети, лица со наследна болест на очите во семејството, но се препорачува за сите кои се грижат за здравјето на своите очи. Во асортиманот на производи на Calivita, лутеинот е застапен во производот Lutein Plus, каде што е во комбинација со други антиоксидантни состојки-зеаксантин, витамин Ц, витамин А и екстракт од боровинка. Доволна е една капсула дневно да го постигне ефектот во одржувањето на здравјето на окото. Меѓутоа, како антиоксиданти, состојките во производот Lutein Plus, се добри и за целиот организам, пред сè во заштита од кардиоваскуларни и малигни болести. Овозможете им ја на Вашите очи неопходната заштита! Погледнете на светот околу Вас, со бистар поглед и појасно видете ги убавините кои секојдневно Ве опкружуваат!
д-р спец. Бисера Пандовска Апостолова


Напишете коментар