Младите треба да имаат сигурна иднина!

Трошоците за живот во сегашната економска ситуација се сè поголеми така што секој четврти вработен планира да го смени работното место за да оствари поголема заработка.

Оние кои најмногу размислуваат за тоа, и кои имаат најголеми финансиски тешкотии се генерацијата Z.

Во оваа ситуација, благодарение на деловната можност што Ви ја нуди Calivita имате богатство во раце! Помогнете им на другите и храбро размислете за младите луѓе како перспектива!

Како што беше споменато претходно, генерацијата Z најмногу размислува за промена на работното место со надеж за повисоки приходи. Но, кои се тие?

Тоа се оние кои се родени помеѓу 1995 и 2010 година. Во споредба со претходната генерација имаат предност бидејќи се здравствено посвесни и сметаат дека е важна финансиската сигурност.

Претходните генерации беа помалку загрижени за тоа дали нивните навики во исхраната се здрави или не, но имаа и многу помалку информации во тој поглед. Спротивно на нив, членовите на генерацијата Z уште како деца се запознати со здравиот начин на живот и има голема веројатност да ги пренесат овие навики во зрелоста.

Консумирањето додатоци во исхраната не им е непознато и за да останат здрави се повеќе ставаат акцент на превенцијата за разлика од претходните генерации.

А што се однесува до финансиската сигурност, додека на претходната генерација и требаше многу повеќе храброст да ги оствари своите соништа за подобра иднина, генерацијата Z е посвесна за својата иднина и тие имаат многу попрактичен став за тоа. Наместо да размислуваат за убав пат во кариерата, генерацијата Z сака да има сопствен бизнис, каде што ќе може да биде свој шеф и на тој начин ќе си обезбеди финансиска сигурност.

Но истражувањата покажуваат дека оваа перспективна возрасна група за жал страда на работа и се чувствуваат недоволно ценети. Освен тоа, немаат доволно пари и затоа уште на млада возраст се откажуваат од своите соништа.

Ако ја земеме предвид високата школарина, нереалните цени за изнајмување, сметките за комуналии и храната, овие млади луѓе не се во лесна ситуација од аспект на заработка. Значи, не е чудно што скоро 80% од нив се плашат дека не можат да ги остварат своите соништа во однос на финансиите. Ајде да допреме до нив и да им ги вратиме соништата со деловната можност на Calivita! Затоа што Calivita дава слобода, финансиска сигурност и независност, како и флексибилна работна можност што ја заслужува и оваа генерација!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑