
Значење на кислородот за човечкиот организам
Кислородот е неопходен за постоење на животот, остварување на добро здравје и постигнување на високи спортски резултати. Тој е основна храна за нервниот систем, учествува во создавањето енергија за мускулна работа од разложувањето на органските материи (јаглени хидрати и масти) која е неопходна за остварување како на просечен така и на натпросечен спортски резултат. Одвивањето на спортските активности, независно од нивниот карактер (цикличен, ацикличен), оптоварување (умерено, големо или субмаксимално) е поврзано со неопходно (директно или индиректно) присуство на кислород.
Влијание на адекватно применети физички активности врз снабдувањето на срцевиот мускул со кислород
Под поимот адекватни физички активности се подразбираат такви физички активности кои со своите карактеристики (квалитет и квантитет) успешно придонесуваат во одржување на здравјето. Под квалитет се подразбира што се вежба, а под квантитет колку се вежба (интензитет, времетраење и зачестеност на вежбањето).
Во услови на физичка активност започнуваат многу срцево – садови и дишни механизми – постапки со кои организмот се обидува да одговори на поставените барања. На ниво на срцевосадовиот систем доаѓа до пренасочување на крвотокот од јатката на телото кон скелетните мускули. На ниво на дишните органи дишењето се продлабочува и забрзува. Интензитетот на овие механизми зависи од недостаток на кислород кој дразни одредени телца (хеморецептори) во крвните садови (аорта и каротидните артерии). Настанатите промени остваруваат барем три задачи:
- ги обезбедуваат мускулите (скелетните и срцевиот) со доволно кислород
- го елиминираат создадениот јаглерод диоксид
- ја елиминираат ослободената топлина.
Кога ќе се применат адекватни физички активности во организмот доаѓа до неколку пожелни промени кои го зголемуваат снабдувањето на срцевиот мускул со доволно кислород. Тие промени се:
1. намалување на отпорот во крвните садови на срцето што го олеснува крвотокот и се зголемува приливот на крв. Олеснетиот крвоток помага во снабдувањето на срцево – мускулното ткиво со неопходниот кислород. Се предпоставува дека механизмот се состои во ширење на крвните садови од страна на симпатичкиот дел на вегетативниот нервен систем.
2. зголемување на приливот на крв во срцевите крвни садови што е предизвикано од хормонот норадреналин.
3. зголемување на капиларното корито:
а) се зголемува бројот на отворените капилари (најмали крвни садови) кои дотогаш биле затворени,
б) се создаваат врски (анастомози) меѓу постоечките капилари,
в) се создаваат нови капилари.
Значи, неволевиот дел од нервниот систем во организмот, како и други структури во организмот, за време на адекватно применети физички активности, предизвикуваат подобро снабдување на ткивата со крв, а со самото тоа и обезбедување доволна количина на неопходниот кислород за ткивата кои создаваат енергија.
Најдобар ефект за зголемување на капиларното корито имаат т.н. циклични физички активности од типот на издржливост (пешачење, планинарење, трчење, возење велосипед) и затоа тие најповеќе треба да се практикуваат доколку се сака да се постигнат споменатите ефекти.
Недостаток на кислород во срцевиот мускул за време на спортување
Современите спортски тренинзи се карактеризираат со високи (т.н. тавански) физички оптоварувања кога доаѓа до недостаток на кислород во клетките. Недостатокот на кислород во срцевиот мускул за време на спортување го намалува нивото на аденозинтрифосфат (АТП) – високо енергетски соединенија кои непосредно даваат енергија. Недостаток на кислородот го нарушува и искористувањето на гликогенот (сложен јаглен хидрат), што е предизвикано од намалувањето на резервите на стрес хормони во срцевиот мускул како и од намалувањето на срцево мускулната реактивност кон истите. Исто така се нарушува и разградбата на мастите во организмот во случаи кога недостасува кислород. И така, физичките оптоварувања се големи, а нема доволно кислород да се создаде енергија.
Поради тоа попречена е работата на срцевиот мускул. Доколку недостаток на кислородот во срцевиот мускул потрае само десетина секунди се забележува: забрзување на срцевата работа се до треперење на срцевите комори, неправилна срцева работа (аритмија) или поголема изразеност на веќе постоечката, промени во електричната активност на срцето: нарушена е возбудливоста и спроводливоста низ неговиот спроводен систем. Временски долгиот и изразен недостаток на кислород во срцевиот мускул може да доведе до таложење масти, проширување на срцевите шуплини, намалена пумпна сила. Мускулното ткиво може да се претвори во нефункционално сврзно ткиво што од своја страна уште повеќе може да го наруши снабдувањето на срцевиот мускул со доволно кислород, а крајната патолошка состојба е изумирање на срцевиот мускул. Впрочем, после мозокот срцето има најмала временската толеранција на недостаток на кислород и таа е помала од 5-15 минути. Меѓутоа, срцевиот мускул се обидува да се самозаштити: ја користи создадената млечна киселина за енергија и на тој начин не доаѓа до болка во здравиот срцев мускул и после напорни физички активности.
Влијание на неадекватно применети физички активности врз снабдувањето на срцевиот мускул со кислород
Денес најчесто применувани неадекватни физички активности, кои може да доведат до недостаток на кислород и појава на срцеви проблеми, се статичките мускулни напрегнувања. Тоа се вежбите за пораст на мускулната сила и маса (на пр. бодибилдингот) кои по природа се статички, а комбинирани со максимални оптоварувања, сумарно сериозно го нарушуваат крвотокот, доведуваат до недостаток на кислород во срцевиот мускул и појава на здравствени нарушувања. Скоро 80% од бодибилдерите имаат покачен крвен притисок што сериозно го нарушува снабдувањето на срцевиот мускул со потребните количини на кислород. Во принцип, дигањето тегови со голема тежина е многу ефективен метод за тренираните спортисти. Применет кај неподготвени вежбачи кои тренираат рекреативно може да доведе до сериозни срцеви нарушувања поради неадекватно примање на кислород.
Зошто кислород?
Малку се води грижа за долготрајните штетни еколошки последици врз човековото здравје. Шумите, „фабриките“ за кислород, се повеќе се сечат, посебно во економски неразвиените земји. Во северна Европа дрвата не се употребуваат за загревање на домовите, туку електричната енергија. На друга страна, загаденоста на воздухот постојано расте. Како резултат на сето тоа концентрацијата на кислород во атмосферата постојано се намалува. Впрочем, развојот на современиот начин на живот е наспроти постоењето на биолошкиот живот затоа што сурово и прогресивно ја намалува концентрацијата на кислородот во атмосферата. Пред 1 век атмосферата содржела значително повеќе кислород отколку денес. Во последните 30 години количината на кислород во атмосферата се намалила за 11%, а во иднина се очекува истиот процент да се намали за наполу пократко време. Во градовите со загаден воздух концентрацијата на кислород изнесува само 12-15%, за разлика од шумите каде таа изнесува околу 19%.
И покрај фактот што луѓето знаат дека не може да се живее без кислород и имаат сериозни здравствени проблеми сите тие трпат, а издржани методи за решавањето на проблемот не се преземаат. Затоа, во отсуство на глобални и локални проекти за средување на кислородниот недостаток, ни останува индивидуалната одлука. Затоа читателу, не чекај: продолжи да дишеш и внесуваш кислород, но час пат можеш и да го пиеш.
Заклучок
Кислородот е од витално значење за здравјето на целиот организам, срцевиот мускул и моторичките и функционалните способности. Во спортските активности до недостаток на кислород може да дојде како резултат на големите оптоварувања, или при вежбање во средина со намалена количина на кислород (загадена средина, престој на поголема надморска висина). При недостаток на кислород започнуваат низа патофизиолошки механизми чии клинички манифестации зависат од засегнатиот орган. Влијанието на недостаток на кислород врз органските системи и спортските резултати е многу актуелно, а патолошките отклонувања на организмот за време на кислородната глад се сложени и разновидни. Еден од начините да се сочува здравјето на организмот во целина и да се подобрат моторичките и функционалните способности е и новата стабилизирана молекуларна форма на кислород.
Стабилизираниот молекуларен кислород е многу ефективна форма на кислород која се прима преку устата (цревата) како течност, а се применува и поткожно, околу и во зглобовите. Таа претставува течност ефективна за превентивни, терапевтски и рехабилитациони намени. Внесувањето кислород преку уста има оправданост затоа што органите за варење на храната се за околу 40% поефикасни во неговата ресорпција во споредба со белите дробови. Кислородот во крвотокот навлегува преку цревата чијашто голема површина тоа успешно го остварува. Стабилизираниот кислород е апсолутно безбеден, исклучително стабилен, лесно искористив од телото. Тоа е релативно нова форма на кислород што во широка употреба е помалку од 10 години. Како и во секој детоксикациска програма, така и кога се употребува кислород, потребно е да се пие доволно вода (8 чаши филтрирана). Пиењето вода треба да започне со помали дози (една голтка на секој половина саат) кои постапно се зголемуваат. Еве некои од ефектите на стабилизираниот кислород врз срцево – садовиот систем:
• ја зголемува концентрацијата на кислород во артериската крв, односно го коригира недостатокот на кислород
• го помага снабдување на клетките со кислород
• се подобрува нивото и квалитетот на клеточното дишење
• го активира метаболизмот
• ги подобрува моторичките и функционалните способности на спортистите.
Кислороден долг
За време на интензивен физички напор ослободувањето на енергија во присуство на кислород делумно ги подмирува енергетските потреби, додека поголемиот дел од создадената енергија оди преку процесот на разложување на гликозата во отсуство на кислород (анаеробна гликолиза). По завршеток на физичкиот напор организмот прави напор создадената млечна киселина да ја претвори во гликоза и да ги надополни резервите на непосредните давачи на енергија (креатинфосфат и АТП – аденозинтрифосфат). Ова се остварува преку трошење на дополнителна количина на кислород по завршувањето на физичките активности. Колку била поголема создадената енергија за време на напорот т.е. колку повеќе го надминала капацитетот за аеробно создавање енергетско депо толку поголема ќе биде и количината на дополнително (поствежбачко) трошење на кислород што значи дека односот меѓу овие параметри е пропорционален.
Количината на кислород што се троши во оксидациските процеси кои даваат енергија за да се оствари повторна синтеза на споменатите материи се нарекува кислороден долг. Поинаку речено, под поимот кислороден долг се подразбира онаа количина на кислород што организмот ја троши над базалните вредности, во процес на дополнителен оксидациски метаболизам, а временски се извршува по престанок на вежбањето се до моментот на пад на кислородната потрошувачка на ниво на кое била пред физичката работа.
За да се подмири кислородниот долг партиципира респирацијата и ова може да трае, зависно од количината на долгот, и до 90 минути. Основна дразба за вентилацијата е зголемената концентрација на водородни јони во артериската крв, а што е предизвикано од вишокот на создадената млечна киселина. Големината на кислородниот долг може да биде 6 пати поголема во споредба со базалната потрошувачка на енергија. Поинаку речено, човекот може да изврши 6 пати поголем мускулен напор отколку што би можел кога не би постоел долгот. Брзината на развој на максимален кислороден долг е пропорционална на квантитетот на физичкото оптоварување. Кај тренирани спортисти утилизационата способност на скелетните мускули за кислород е поголема отколку кај нетренирани. Кај нив сумарно извршената механичка работа е поголема, производството на млечна киселина не се зголемува премногу и се создава помал кислороден долг за одреден квантитет на оптоварување.
Количината на кислород што се троши во оксидациските процеси кои даваат енергија за да се оствари повторна синтеза на споменатите материи се нарекува кислороден долг. Поинаку речено, под поимот кислороден долг се подразбира онаа количина на кислород што организмот ја троши над базалните вредности, во процес на дополнителен оксидациски метаболизам, а временски се извршува по престанок на вежбањето се до моментот на пад на кислородната потрошувачка на ниво на кое била пред физичката работа.
За да се подмири кислородниот долг придонесува и дишењето и ова може да трае, зависно од количината на долгот, и до 90 минути. Основна дразба за дишењето е зголемената концентрација на водородни јони во артериската крв, а што е предизвикано од вишокот на создадената млечна киселина. Големината на кислородниот долг може да биде 6 пати поголема во споредба со базалната потрошувачка на енергија. Поинаку речено, човекот може да изврши 6 пати поголем мускулен напор отколку што би можел кога не би постоел долгот. Брзината на развој на максимален кислороден долг е пропорционална на физичкото оптоварување. Кај тренирани спортисти утилизационата способност на скелетните мускули за кислород е поголема отколку кај нетренирани. Кај нив сумарно извршената механичка работа е поголема, производството на млечна киселина не се зголемува премногу и се создава помал кислороден долг за одредено оптоварување.
Миоглобинот претставува боја-пигмент (хемпротеин) присутен во клетките на скелетните мускули и срцето иако се среќава и во најголемиот број ткива. Има слични особини со хемоглобинот во смисол на повратно поврзување со кислородот. Миоглобинот има способност да го превзема кислородот од хемоглобинот во крвта. Во состојба на мирување и при релативно високо ниво на кислород во клетките миоглобинот е потполно заситен со кислород и претставува потенцијална кислородна резерва. Најповеќе миоглобин имаат мускулите кои извршуваат циклична, долготрајна активност (вежбите за издржливост). Во услови на снажни мускулни контракции, како што е во спортските активности, нивото на кислородот во клетките може да се намали и тогаш кислородот се ослободува од миоглобинот, навлегува во митохондриите каде се одигруваат оксидациските реакции т.е. каде се создава енергијата за физичките активности.
Метаболизам на срцевиот мускул, доколку се одвива во недостаток на кислород, создава метаболни продукти кои предизвикуваат болка.
Во спортот, максималната потрошувачка на кислородот во единица време претставува основен показател за работоспособноста на спортистот.
Во услови на мирување нормогликемијата се одржува преку разградба на црнодробниот гликоген, а во услови на физички напор се разградува гликогенот насобран во скелетните мускули.
Заклучок
Кислородот е од витално значење за здравјето на целиот организам, срцевиот мускул и моторичките и функционалните способности. Во спортските активности до недостаток на кислород може да дојде како резултат на големите оптеретувања, или при вежбање во средина со намалена количина на кислород (загадена средина, престој на поголема надморска висина). При недостаток на кислород започнуваат низа патофизиолошки механизми чии клинички манифестации зависат од засегнатиот орган. Влијанието на недостаток на кислород врз органските системи и спортските резултати е многу актуелно, а патолошките отклонувања на организмот за време на кислородната глад се сложени и разновидни.
Фирмата Calivita е една од ретките во светот која во својата лепеза на производи има стабилизиран кислород наречен Oxy Max®. Капките од препаратот растворете ги во нехлорирана вода која може да се добие преку филтери за вода или пак употребете дестилирана вода. Дневната доза е два пати по 7-10 капки растворени во чаша вода. Луѓето од нулта крвна група може да употребуваат максимално и 3-4 пати на ден по 10 капки. Најдобро е да се започне со помали дози кои постапно се наголемуваат бавно достигнувајќи ја препорачаната доза.
Можеби не сте знаеле но кислород можете да го внесете во организмот не само вдишувајќи го преку нос и уста туку и пиејќи го. Па, доколку сакате да постигнете врвни спортски резултати, денешниот ден започнете го со течниот кислород на Calivita Oxy Max®!
проф. д-р Ванчо Поп Петровски
спец. по спортска медицина и спец. по гимнастика


Напишете коментар