
Значење на кислородот за одржувањето на здравјето
Различните органски системи (белите дробови, срцево-садовиот, крвта и др.) придонесуваат во одржувањето на клеточниот метаболизам преку: 1. снабдување со доволно кислород, 2. негово искористување и 3. преку транспортот на кислород и различните продукти на метаболизмот. Во нашиот организам кислородот е количински најзастапен хемиски елемент (со > 65%), неопходен е за живот, клуч е за добро здравје. Човекот може да живее без храна неколку недели, без вода неколку дена, но само неколку минути без кислород. Сите телесни функции, почнувајќи од мозочните се до елиминаторните, на некој начин се регулирани и од кислородот. Еден од најдобрите начини да се одржува здравјето е постојано и доволно снабдување со кислород на секоја клетка во телото. Како што е голема количината на кислород во организмот, така е голема и од него создадената енергија (90%). Кислородот помага во метаболирањето на храната, оксидирањето („согорувањето“) на токсините и штетните бактерии, учествува во дишењето на 75 милијарди клетки во организмот, важен е за клеточната регенерација (обновување). Кислород – тоа значи живот.
Нарушувања на организмот во услови на недостаток на кислород
Во услови на намалена количината на достапен кислород за клетките започнуваат низа нарушувања на организмот: се стимулира симпатико-адреналниот систем на организмот т.е. се зголемува нивото на т.н. катехоламини, што за организмот претставува стрес. Ова предизвикува низа непожелни промени во организмот меѓу кои најважни се: грч на артериите поради што се нарушува крвотокот во малите крвни садови за да т.н. „порочен круг“ на регулација на функциите заврши со дополнителен недостаток на кислород во клетките. Една од несаканите последици на оваа состојба е што се поттикнува и таложењето масти во ѕидовите на артериите, што е еден од критериумите на стареењето.
Недостатокот на кислород означува недостаток на биолошка енергија што може да резултира со различни здравствени проблеми почнувајќи од обичен замор се до појава на различни заболувања. Според Мајкл Мурај заморот е првиот симптом на постоење на анемија предизвикана од недостаток на железо. Недостатокот на железо доведува до намалено снабдување на ткивата со кислород како резултат на што следи намалено негово учество во процесите на добивање енергија и конечно појава на замор.
На д-р Ото Варбург за придонесот во биохемијата му биле доделени две Нобелови награди. Објаснувајќи ја причината за појава на малигните тумори тој рекол: „Канцерот има безброј секундарни но само една основна причина. Сумарно, основна причина за појава на канцерот е премин од нормалното кислородно дишење на телесните клетки во безкислородно клеточно дишење. Со други зборови речено, растот на канцерските клетки е предизвикан од релативен недостаток на кислород“. Тој тврдел дека растот на канцерот се спречува во средина богата со кислород.
Како резултат од недостаток на кислород во целиот организам се нарушуваат: метаболните процеси, циркулацијата во малите крвни садови (екстремитетите се ладни), дишењето на клетките, детоксикацијата (ослободувањето од отровите), се јавува слабо варење на храната, чести настинки, развиток на хронични болести, процесите преминуваат кон дегенерација.
Симптомите и знаците на недостаток на кислород се различни и зависат од органите што се засегнати. Настануваат нарушувања во работата на целиот организам: нервен систем, срце, крвни садови, црн дроб, бубрези, белите дробови, намалување на спортските способности.
Постапки за решавање на проблемот со недостаток на кислородот
Проблемите што се јавуваат во организмот како резултат на недостаток на кислород се актуелни, сложени, разновидни, здравствено штетни. Поради многуте штетни ефекти од недостаток на кислородот научниците долго време ги испитуваат можностите од откривање различни постапки за надоместување на недостатокот на кислород во организмот. Снаодливите производители се присетиле и денес во Јапонија во кафулињата може да нарачате конзерва кислород и да се освежите.
Мислење на авторите е дека најдобри се: техниките на правилна и комплетна вентилација, техниките на ритмична хипервентилација: капалабати, бастрика; хипервентилација тип „океанско вентилирање“ (Вилхем Рајх, Леонард Ор, Станислав Гроф); хаотичното дишење на Ошо. Со примена на ваквите дишни техники во организмот се внесуваат поголеми количини кислород отколку со обичното дишење. Овие техники психотерапевтите ги применуваат да ги „разбијат“ старите усвоени модели на однесување, а кои во себе имаат акумулирано емоции, мисли и енергија – сето запишано во нервниот систем како запис-енграм.
Во медицината кислородот може да се применува преку различни постапки и облици. Како гас примен преку белите дробови честопати се применува во ургентните медицински центри. Во тераписката медицина кислород се применува во различни форми: хидроген пероксид и др. соединенија што содржат кислород (нитроген оксид, озон, хлорид диоксид). Хипербаричниот кислороден третман се применува во посебни комори.
Стабилизирана молекуларна форма на кислород
Стабилизираниот молекуларен кислород е многу ефективна форма на кислород која се прима преку устата (цревата) како течност, а се применува и поткожно, околу и во зглобовите. Таа претставува течност ефективна за превентивни, терапевтски и рехабилитациони намени. Внесувањето кислород преку уста има оправданост затоа што органите за варење на храната се за околу 40% поефикасни во ресорпцијата во споредба со белите дробови. Кислородот во крвотокот навлегува преку цревата чијашто голема површина тоа успешно го остварува. Стабилизираниот кислород е апсолутно безбеден, исклучително стабилен, лесно искористив од телото. Тоа е релативно нова форма на кислород што во широка употреба е помалку од 10 г. Како и во секој детоксикациска програма, така и кога се употребува кислород, потребно е да се пие доволно вода (8 чаши филтрирана). Пиењето вода треба да започне со помали дози кои постапно се зголемуваат. Еве некои од ефектите на стабилизираниот кислород:
• ја зголемува концентрацијата на кислород во артериската крв, односно го коригира недостатокот на кислород
• го помага кислородното снабдување на клетките
• се подобрува нивото и квалитетот на ткивното дишење
• го активира крвотокот
• го помага искористувањето на: витамини, минерали, амино-киселини, билки
• се активираат аеробните ткивни ферменти и го помага аеробниот метаболизам
• ја нормализира рамнотежата меѓу киселоста и базноста на организмот
• ги активира процесите на исхрана и обнова во: кожата, мускулите, зглобовите, коските и другите ткива
• ги намалува отоците и рассејувањето на крвоизливите
• ги засилува репаративните процеси (каде нема регенерација) во периферните нерви
• надворешно применет го поттикнува создавањето колаген, придонесува во брзо и без белези зараснување на изгореници, рани, исеченици, бубуљици, воспаление на кожата, егземи
• помага во превенцијата на срцев и мозочен удар, висок крвен притисок
• ги намалува тегобите предизвикани од дишните нарушувања
• ја подобрува состојбата кај хроничниот белодробен опструктивен синдром и кај астматични напади
• подобрувајќи ја кислородната циркулација во мозокот има позитивен ефект врз интелектуалните способности
• сонот станува подлабок, подолг, се скратува периодот на заспивање.
Антимикробен ефект на кислородот
Доколку нашиот метаболизам не дозволува да се преработува храната на повисоко ниво на енергија т.е. не постои високо ниво на кислород во средината, нашите клетки започнуваат да акумулираат продукти побрзо отколку што телото може да ги елиминира. Ова ги привлекува штетните вируси и бактерии, и обратно, доколку кислородното ниво е повисоко околу овие безкислородни форми на живот умираат. Постоечките анеаробни бактерии и патогени вируси, вклучително и паразитите, не можат да опстанат и брзо се уништуваат во средина богата со кислород. Кислородот има јак противмикробен ефект. Со успех уништува многу бактерии, габи и вируси. Во последните две децении објавени се повеќе од 5000 истражувачки труда во кои се потврдуваат многу успешните ефекти на кислородот врз многу видови микроорганизми. Така на пр. кислородот помага во уништувањето на анаеробните бактерии (стрепто-и стафилококи, салмонели и др.) во телото.
Фирмата Calivita е една од ретките во светот која во својата лепеза на производи има стабилизиран кислород наречен Oxy Max®. Капките од препаратот растворете ги во нехлорирана вода која може да се добие преку филтери за вода или пак употребете дестилирана вода. Дневната доза е два пати по 7-10 капки растворени во чаша вода. Луѓето од нулта крвна група може да употребуваат максимално и 3-4 пати на ден по 10 капки. Најдобро е да се започне со помали дози кои постапно се наголемуваат бавно достигнувајќи ја препорачаната доза.
Зошто кислород?
Современиот начин на живот се повеќе ја намалува концентрацијата на кислородот во атмосферата. Шумите – „фабриките“ за кислород се повеќе се сечат, загаденоста на воздухот постојано расте, а како резултат на тоа концентрацијата на кислород во атмосферата постојано се намалува. И други причини го намалуваат кислородно снабдување на организмот: површно (плитко) дишење – необученост на населението за техниките на правилното вентилирање; намален внес на вода или пак внес на неквалитетна вода (пр. застоена, загадена); сиромашна, преработена или термогена исхрана (протеини); намалена физичка активност (хиподинамија), интензивна физичка активност, пушење (активни и пасивни пушачи); консумација на алкохол, неприродно слабеење, лекови. Метилксантините (од кафето, какаото, рускиот чај, гуараната) делуваат термогено (ја покачуваат телесната температура), ја зголемуваат кислородната потрошувачка и респективно следи недостаток на кислород. И покрај фактот што сите знаат дека не може да се живее без кислород и иако имаат сериозни здравствени проблеми тие трпат, а издржани методи за решавањето на проблемот не се преземаат. Затоа, во отсуство на глобални и локални проекти за средување на кислородниот недостаток, ни останува индивидуалната одлука.
Можеби не сте знаеле но кислород можете да го внесете во организмот не само вдишувајќи го преку нос и уста туку и пиејќи го. Па, наместо со жесток алкохол или цигари наздравете го денешниот ден со течниот кислород на Calivita Oxy Max® – на здравје!
проф. д-р Ванчо Поп Петровски
спец. по спортска медицина и спец. по гимнастика


Напишете коментар