Зошто треба да се одбере органска козметика


Некогаш луѓето не биле толку чувствителни на алергии и други нетолеранции, но во денешново време на живеење постојат повеќе причини за тоа. Како што внимаваме за содржината на витамини и присуството на адитиви во храната што ја користиме, исто така многу е важно и што користиме за нега на нашата кожа. Треба да знаете дека некои од кремите што ги продава индустријата за убавина содржат состојки кои можат да ја иритираат или да бидат целосно штетни за кожата, потенцијално да го загрозат и целото тело. Луѓето го забележуваат тоа и затоа има се поголем број на потрошувачи кои покрај тоа што купуваат органска храна бараат и органски козметички производи. Calivita, пред осум години, лансира сопствено семејство OrganiCare козметички производи и навистина, оттогаш овие производи се широко популарни. Но, можеби ќе си го поставите прашањето кои се предностите на козметичките производи на OrganiCare и како, во кои услови, се произведуваат?

Органско земјоделство

Растителните состојки на нашите производи OrganiCare доаѓаат од органско земјоделство, а за производство се избираат најквалитетните растенија. Нашите состојки се исто така без ГМО, тоа значи дека не содржат генетски модифицирани видови.

Максимална заштита

На чистотата посветуваме подеднакво големо внимание. Се грижиме нашите козметички производи како и состојките за нивно производство да не дојдат во контакт со еколошки нездрави супстанции како што се на пример, тешки метали, канцерогени јаглеводороди, остатоци од лекови или пестициди. Ако ги користите нашите производи, не само што избегнувате штетни ефекти врз Вашата кожа, туку помагате и да се заштити околината.

Висока содржина на активни состојки

Производите што ги користиме како суровина се собираат рачно на фармите и со најголемо внимание се подготвуваат за понатамошна обработка. Самата обработка се врши на ниски температури, со користење на традиционални методи на производство, за да се зачува природната моќ и вредните витамини и антиоксиданти во најголема можна мера.

Природни стабилизатори

Строго избегнуваме состојки кои може да предизвикаат иритација или алергија* или пак на друг начин да бидат штетни за здравјето на луѓето. Од таа причина, не користиме адитиви како на пример нафтени деривати, синтетички бои, канцерогени или алуминиумски деривати. Висок процент од состојките на нашите производи (вклучувајќи ги и стабилизаторите) се од природно потекло.

Одлични резултати

Треба да бидете сигурни дека производот направен од природни состојки има голема ефикасност бидејќи органските растенија имаат поголема содржина на витамини и тие се обработуваат на таков нежен начин што ни овозможува да зачуваме голем процент од активните материи. Освен тоа, нашите козметички производи можат безбедно да се користат на секаков тип на кожа или коса, а се идеални и за деца.

Овие производи се иднината! Освен ако веќе не сте редовен корисник, дефинитивно е добра идеја да го пробате нашето семејство производи OrganiCare.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑