
Дали некогаш сте размислувале за тоа колку би било убаво да се разбудите наутро и да си планирате успешен ден со активностите на Calivita само со отворање и читање на една единствена Веб-страница? Многу корисници на Share Marketing го започнуваат денот со нивниот cv бонус, а потоа прелистуваат низ нивниот explorer-hub. Колку поефикасно би можеле да работите ако треба да отворите само една веб-страница и таму да ги видите најважните и најновите информации! Ако сакате, можете да стигнете со само еден клик до оние Веб-страници на Calivita кои најмногу ја поддржуваат Вашата работа!

Сè е на една веб-страница која ви нуди максимална поддршка во работата
Алатката MyOffice на Calivita го овозможува токму тоа! Тоа е таква алатка која содржи сè што треба да знаете во моментот, освен тоа, со неа можете да стигнете до други корисни информации, и тоа само со еден клик. Содржи толку многу функции што претставувањето на сите во една статија е невозможно, па подолу Ви претставуваме само неколку од нив. Од гледна точка на стабилизирање или зголемување на Вашето ниво, многу битно е да не дозволите некој да го пропушти своето следно блиско ниво. Зошто некој да добие помалку бонуси ако може да ги комплетира бонусните поени што недостасуваат за повисокото ниво само со малку повеќе внимание и акција.
Го сакам MyOffice, го започнувам денот со него речиси секое утро. Тука е сè што Ви е потребно за да изградите успешен бизнис и тоа ја поддржува нашата работа на професионален начин. Не само што додатоците на храна Calivita се со врвен квалитет, туку одлично функционираат и алатките за поддршка на бизнисот! Посакувам да го користат се повеќе и повеќе свесни share marketing корисници!
Силвестер Цоке (Szilveszter Csőke), PM, Унгарија

Истакнете се со Вашата добрина!
Од гледна точка за грижата за клиентите, многу значи ако некому му посакате среќен роденден навреме и го подарите роденденскиот ваучер! Ако не може да се искористи ваучерот пред да истече, тогаш преку страницата MyOffice можете да договорите негово продолжување. Дали сакате брзо и лесно да испраќате е-пошта до Вашите членови? MyOffice алатката го дозволува тоа! Можете да испратите 3 мејлови во еден месец, во кои ги информирате Вашите членови за информациите што ги сметате за најважни.
Calivita е повеќе од бизнис, што е многу видливо во MyOffice алатката. Тука можеме да најдеме сè што ни е потребно за да го изградиме нашиот бизнис на најдобар можен начин. Од многуте придобивки, ако се фокусирате само на претходните две точки, веќе сте многу пред Вашите конкуренти! Користете MyOffice, проверете ги сите точки бидејќи тие навистина помагаат!
Софија Исток (Zsófia Istók), 12%, Унгарија
Ако имате потреба да знаете кои документи се најнови и најважни од Преземањата, тогаш треба да ги побарате овде! Најновите документи имаат сина боја, додека најважните документи како Ценовникот или Правилата и регулативите се секогаш со црвена боја на оваа страница.
MyOffice алатката Ви овозможува да ги менувате Вашите лични податоци, да регистрирате сопствена веб-страна таканаречена MySite или да ја преземете нашата постојано ажурирана табела која ја прикажува заработката што можете да ја достигнете во бизнисот на Calivita.

Според мое мислење, MyOffice е одлична online алатка бидејќи има речиси сè што Ви треба за да го изградите Вашиот бизнис на едно место. Многу е лесно да исконтактирате со Вашите деловни партнери и клиенти, бидејќи можете да видите кој ќе го прослави нивниот роденден, можете да го привлечете нивното внимание со различни ваучери или можете да ги консултирате за достигнување на следното ниво, ако за тоа се потребни само уште неколку бонусни поени. Сето ова се одлични можности да остварите контакт или да изградите посилни врски.
Ана Миезалоу (Anna Mieszalow), Маркетинг директор, Calivita Полска
И тоа не е сè! Гледајте го видеото во кое се претставува myoffice (www.Youtube.Com/watch?V=xuhfbhrduy0), потоа прелистувајте ја Вашата сопствена страница на Myoffice (calivita.Мк/myoffice) и користете ја редовно за да може да Ви ја даде потребната поддршка за да изградите успешен и сјаен бизнис!

Напишете коментар