Завртете се кон природата за да се ослободите од болката!

ОДВРЕМЕ-НАВРЕМЕ СЕ ПОЈАВУВААТ СИТУАЦИИ КОГА ЕДНОСТАВНО МОРА ДА ЗЕМЕТЕ ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКИ. НО, ЗАГРИЖУВАЧКИ Е ДЕКА ИМА ЛУЃЕ КОИ РЕДОВНО КОРИСТАТ ТАКВИ ЛЕКОВИ. СПОРЕД ЕДНО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ СЕКОЈА ГОДИНА СЕ КОНСУМИРААТ ПОВЕЌЕ ОД 30 МИЛИЈАРДИ ДОЗИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ БОЛКИ! ДАЛИ ОВАА ЗАСТРАШУВАЧКА БРОЈКА БИ МОЖЕЛА НЕКАКО ДА СЕ ПОДОБРИ АКО ЛУЃЕТО БИЛЕ СВЕСНИ ДЕКА ПРИРОДАТА ИМА ЕФИКАСНИ АЛТЕРНАТИВИ ПОНУДИ? ПРЕД АВТОМАТСКИ ДА ЗЕМЕТЕ ТАБЛЕТИ КОГА НЕШТО ВЕ БОЛИ САКАМЕ ДА ВЕ ЗАПОЗНАЕМЕ КОИ ЛЕКОВИТИ БИЛКИ БИ ВИ ПОМОГНАЛЕ ВО ДАДЕНА СИТУАЦИЈА.


КОРА ОД БЕЛА ВРБА

Иако како име можеби многу не е позната, кората на белата врба е всушност изворот на една од главните активни состојки на добро познатиот лек против болки без рецепт: салицилна киселина. Салицилната киселина е навистина ефикасна против секаков вид болка. Без разлика дали страдате од болки во грлото, постојана главоболка или болки во зглобовите, треба да знаете дека оваа супстанција нуди неверојатно брзо олеснување!

НОНИ ОВОШЈЕ

Овошјето нони е корисно за организмот на повеќе начини, списокот на придобивки што ги нуди е многу голем. Тоа што треба да го знаете е дека покрај тоа што ги намалува воспалителните процеси во телото, ова егзотично овошје може директно да ја ублажи болката, без разлика дали се работи за главоболка, мускулна болка или болки во згловобите. Во исто време придонесува за здравата функција на клетките и помага да се активира способноста на телото да се избори со болеста.

КУРКУМА

Куркумата е многу познат зачин од индиската кујна. Овој популарен зачин со антиинфламаторни својства има голем број на позитивни ефекти врз човековиот организам. Но, најмногу го користат луѓето кои страдаат од проблеми со зглобовите. Една голема студија ги спореди ефектите од 1.500 мг екстракт од куркума со ефектите на ибупрофен и откри дека по четири недели оваа состојка со златна боја постигнува сличен ефект и во намалување на болката и во подобрување на подвижноста.

МАСЛО ОД НОЌНИЧЕ

Менструалната болка може да биде навистина многу сериозна, затоа оние кои редовно страдаат од неа, дефинитивно треба да го пробаат маслото од ноќниче. Поволното дејство на ова растение се должи на незаситените масни киселини што ги содржи. Покрај тоа што помага да се ублажат непријатните менструални грчеви, придонесува за убавината на кожата и косата, а може да го намали и нивото на холестерол!

МАСЛО ОД ОРИГАНО

Акутната болка на грлото може да биде многу непријатна. Но, пред итно да побарате антибиотици, зошто да не пробате масло од оригано? Со своето силно антимикробно влијание ги уништува бактериите и габите и болката ќе почне да исчезнува.

ОМЕГА 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ

Омега 3 масните киселини исто така имаат антиинфламаторно својство тоа значи дека Омега 3 може директно да ја ублажи болката што произлегува од, на пример, артритис или менструални грчеви, а истовремено може индиректно да помогне кога се работи за помали хронични воспалителни процеси. Иако во горната листа на производи не се опфатени сите, веруваме дека ќе се обидете во случај на болки да побарате природно решение, наместо рутински да земете некој од лековите кои нашироко се рекламираат.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑