
Сигурно Ви се случило Вам или на некој Ваш потенцијален клиент, некој да се обиде да Ви го намали ентузијазмот за овој бизнис преку своите негативни мислења и критики.
Но, дали сето тоа има основа? Колку вистина може да има зад негативните критики? Во оваа статија ќе видиме што се крие зад најчестите негативни критики и ќе ја разгледаме улогата на share marketing на глобално ниво.
„Следниот пат кога Вашите основни верувања ќе бидат предизвикани – обидете се да бидете љубопитни наместо бесни“. – Ренди Гејџ
Најчестите негативни критики што можеме да ги сретнеме е дека бизнисите од типот на share marketing не функционираат. Вистината е дека половина од оние луѓе кои почнуваат со овој бизнис се откажуваат по 1 година, па затоа многу луѓе мислат дека овој бизнис не функционира. Но, размислете каков резултат би дала работа во кое било друго претпријатие за време од една година ако работите само неколку часа неделно? Ефективно вложената работа во share marketing навистина се враќа. На глобално ниво, 10,5 милиони луѓе работат во share marketing-от како нивна работа со полно работно време, а 42,9 милиони луѓе остваруваат профит од тоа како работа со скратено работно време.
Другата најчеста критика е дека овој бизнис е само за жени. Статистиката навистина покажува дека во share marketing-от има повеќе женски продавачи отколку мажи. Во Европа жените доминираат на теренот со 85%, во САД овој сооднос е 80%, во Азија 68%, во Африка и Блискиот Исток е 63%. Очигледно е дека има повеќе жени во овој бизнис, но ако го гледаме уделот на маркетинг продавачите чии книги можеме да ги прочитаме, очигледно е дека и мажите можат да постигнат големи успеси во овој бизнис.
Третата најчеста критика е дека не можете да постигнете успех со овој бизнис само во рамките на блиската околина. Многу луѓе го имаат ова мислење и токму затоа треба да го погледнеме овој бизнис од поширока перспектива и да реагираме на овие критики гледајќи ја работата долгорочно. Ако Вашиот потенцијален клиент мисли дека share marketing-от не може да биде успешен во кругот на познаници, тогаш укажете му дека не треба да ја гледа само својата блиска околина. Личниот круг на познаници секогаш може да се прошири!
Или погледнете ги меѓународните примери на Calivita. Можете да размислите за прекуграничен бизнис бидејќи инфраструктурата е поставена! Погледнете ги страниците на Фејсбук на различните земји на Каливита, инспирирајте се, разговарајте и убедете се каков блескав живот може да Ви понуди Calivita насекаде низ светот!
Успехот на Вашиот бизнис и неговата големина зависи само од Вас! Без разлика каков резултат очекувате, ќе најдете пример за сè! Целта на Calivita е успех и затоа Ви нуди стабилна поддршка за да можете да блеснете!

Напишете коментар