Неопходниот колаген

Колаген: млад и фит

Името на најзастапениот протеин во човечкото тело, колаген потекнува од грчкиот збор „kolla“, што значи „лепило“, и францускиот „générer“, што значи „да се произведува“. Тој претставува еден вид „лепило“ во телото давајќи им флексибилност и структурна сила на сврзните ткива. Колагенот е незаменлив за здравјето на зглобовите и лигаментите, мускулите и коските, ѕидовите на крвните садови и цревата, непцата, очите, кожата, ноктите и косата.

Колаген за секого

И ако човечкото тело самото произведува колаген, неговото производство се намалува со возраста. Доказ за тоа е појавата на брчки на кожата или неочекуваниот почеток на болки во зглобовите за време на планинарење. Но, освен старост, и други ситуации може да резултираат со потреба од повеќе колаген отколку што самото тело може да произведе. Тоа се на пример повреди, автоимуни нарушувања и кожа со дамки од акни или лузни.

Богата и сложена комбинација

На науката и се познати најмалку 28 различни видови колаген. Типовите 1 и 3 се најодговорни за затегнатоста и еластичноста на кожата, додека типот 2 е задолжен за здравјето на зглобовите. Caliita покрај формулата за убавина „Beauty Formula“ има два производи кои содржат високи дози на колаген: напитокот за убавина „#glamUp“ и формулата за здрави зглобови наречена „RiseUp Multiactive Collagen“. Навистина сме горди со нашиот придонес на пазарот со формули за колаген кои содржат повеќе активни состојки што значи дека Calivita има сложен пристап кон решенијата за заштита на здравјето.

Тајната на младешкиот изглед на жената

Покрај колаген, #glamUp, ја снабдува кожата со хидратна хијалуронска киселина и природни антиоксиданти, како што се каротеноиди, фитоцерамиди, алфа-липоична киселина, екстракт од калинка, коензим Q10 и витамин Е. Овие активни состојки може да помогнат во намалувањето на длабочината на брчките, ја хидрираат кожата, го ублажуваат секое воспаление на кожата, а исто така лузните, стриите и целулитот се помалку изразени.

Ги штитат клетките од штетното дејство на слободните радикали, УВ зрачењето и стимулираат создавање нова кожа после различни козметички процедури.

Заштита и сигурност при движењето

Она што го прави RiseUp Multiactive Collagen навистина посебен е неговата комбинирана содржина на колаген. Високата количина на хидролизиран колаген во нашиот производ, биоактивната колагенска состојка UC-II® не само што ја успорува дегенерацијата на Вашите зглобови, туку дури и да ја стимулира нивната регенерација! Дополнително, нашиот производ содржи и шипинка, која е познат лек против болки, хијалуронска киселина која е неопходна за производство на синовијална течност, потоа содржи глукозамин – природен градивен материјал на ’рскавицата; хондроитин, МСМ (метил-сулфонил-метан) и витамините кои ги поддржуваат сите претходно наведени состојки.

Природни активни состојки

Calivita посебно внимание посветува состојките кои се користат во производство на нашите производи да доаѓаат од природни извори. Користењето на адитиви во нашите производи е сведено на минимум, само кога е неопходно. Горди сме што нашите колагенски производи не содржат шеќер, конзерванси, бои, глутен и лактоза.

Овошен вкус

Кога ги создаваме нашите производи, свесни сме за потребата производите да ги направиме вкусни за да имаат добра потрошувачка. Ние веруваме дека со користење на цитрусни вкусови ја постигнавме таа цел, а како потврда за тоа не се повратните информации што ги добивме од вас, нашите клиенти.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑