Lutein Plus – комплетна грижа за Вашите очи

Дали мислите дека Вашиот вид се влошува со текот на годините? Дали сте загрижени што весникот кој секојдневно го читате почнува да делува како да е сè пооддалечен од вас и покрај тоа што цврсто го држите со двете раце? Дали се плашите дека ќе ја изгубите Вашата возачка дозвола кога ќе дојде периодот за продолжување? Дали знаете дека здравјето на Вашите очи е во тесна врска со Вашата исхрана?

Ретината користи многу повеќе кислород од кое било друго ткиво, што на крајот резултира со создавање на повеќе слободни радикали. Доколку на ова го додадете фактот дека окото е орган кој е најмногу изложен на светлина, вклучувајќи го и УВ-А и УВ-Б зрачењето, кое го зголемува создавањето на слободни радикали во средина која е полна со незаситени масни киселини и останати лесно разградливи компоненти, со сигурност може да се заклучи дека антиоксидантната заштита на очите е од голема важност, доколку сакате да го зачувате Вашиот вид што е можно подолго.

Оксидативниот стрес, пушењето и староста се едни од главните причини за настанување на макуларна дегенерација (старечко перде), состојба која е претходник на 90% од случаите на слепило. Сите три фактори се во тесна врска со деструктивниот ефект на слободните радикали и недоволниот внес на антиоксиданти во секојдневната исхрана.

Многубројни научни истражувања докажуваат дека внесот на лутеин и зеаксантин е обратно пропорционален со ризикот од настанување на старечко перде и катаракта, бидејќи овие супстанции се важни за превенција и намалување на ризикот од настанување на ваквите состојби. (Ретината е слој од окото кој е осетлив на светлина и нејзината задача е да ја трансформира светлината и потоа да изврши нејзин трансфер).

Главната задача на каротеноидите кои ги има во Lutein Plus е да го одржат здравото функционирање на очите, да го спречат штетното влијание на слободните радикали и да ја подобрат острината и бојата на видот. Истите можат да се најдат и во секојдневната исхрана, најмногу во зелениот зеленчук како што се брокулите или пак кељот, но за жал поради брзиот начин на живот и неправилната исхрана кои ги носи модерното време, не сме во состојба да ги внесеме во доволна количина. Понатаму, постојат и ризик-фактори кои не можеме да ги спречиме (пр. возраст, наследни болести), па затоа Ви препорачуваме да земате дополнителни антиоксиданти со употреба на додатоците во исхрана. Во производот Lutein Plus ги искомбиниравме овие два важни антиоксиданти со витамините Ц и А и екстракт од боровинка, чија антоцијанинска поддршка ќе ги заштити Вашите очи и ќе го подобри Вашиот вид.

Направете сè што можете за да го зачувате видот!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑