
Пристигнува 8 Март, Меѓународниот ден на жената, празник посветен на еднаквите права на жените. Но, денес во голема мера овој празник е повод за доделување на некои посебни подароци на дамите кои се членови на Вашето семејство, пријателки, колешки. Исто така овој празник може да биде добар повод за секоја жена да се почести себе си со нешто убаво!
Овој ден нас ни беше инспирација да претставиме подетално некои од нашите производи кои се ефикасни за здравјето и убавината на секоја жена.
Студот е сериозен проблем за сите жени. Користење на вода за туширање со несоодветна температура може да предизвика настинки и инфекции и во овој случај дефинитивно од најголема помош e производот URX. Овој препарат e повеќе години во нашата палета, а неговата популарност не опаѓа. Овој производ е мешавина од моќни состојки кои имаат силно антибактериско дејство. Брусницата ги спречува бактериите да се залепат и колонизираат во уринарниот тракт, додека компонентата D маноза на која посебно е осетлива бактериите на E. coli. Покрај тоа, содржи и коприва-позната по диуретичното дејство, како и екстракт од лист од мечкино грозје кое делува како антибиотик.
Силната менструална болка може да биде пречка во Вашите секојдневни активности. Но, тука е нашиот производ Evening Primrose Oil чиишто незаситени масни киселини можат многу да ги олеснат тие пред и перименструални денови, па дури и да помогнат да се зачува младоста и убавината на Вашата кожа и коса!
Менопаузата е добро познат феномен кој предизвикува промени во телото и метаболизмот на жените. Билните, витаминските и минералните компоненти на нашиот производ Menopausal Formula можат да помогнат полесно да се преброди оваа фаза од животот и да се спречи појавата на некои посериозни проблеми поврзани со неа.
Сите сонуваат постојано да имаат здрав и блескав тен.; нема прашање за тоа. Тогаш зошто да не ја пробате нашата вкусна напивка за убавина наречена #glamUp? Содржи високи дози на хидролизиран колаген, хијалуронска киселина и природни антиоксиданти како каротеноиди, фитоцерамиди, алфа-липоична киселина, екстракт од калинка, коензим Q10 и витамин Е. Неговите скапоцени активни состојки помагаат во намалување на брчките и спречување на формирање на нови. Тие помагаат во лекувањето на воспаленијата на кожата и ги прават флеките, пигментацијата и лузните помалку истакнати. Покрај сите овие спектакуларни резултати, овој производ помага во намалувањето на целулитот и стриите и ја штити кожата од штетните ефекти на слободните радикали (создадени на пр. од УВ зрачењето).
Ако сметате дека пудрата е премногу досадна за употреба, Beauty Formula е оптималното решение за вас. Доаѓа во капсули исполнети со различни корисни активни состојки: хијалуронска киселина, колаген, витамини, минерали, аминокиселини и билки, комплексна мешавина која не само што помага Вашата кожа да изгледа млада и свежа, туку и придонесува Вашата коса да биде сјајна, а вашите нокти цврсти и отпорни.
Се разбира, можете да ја негувате кожата не само одвнатре, туку и однадвор. Можете да ja изберете кремaтa за лице против стареење на Calivita OrganiCare Anti-Ageing Cream. Оваа крема е толку популарна по својата прекрасна текстура и мирис, содржи специјална комбинација од органски лековити билки и природна хијалуронска киселина. Брзо се апсорбира и веднаш ја покажува својата магија: ја намалува појавата на брчки, ја затегнува кожата на лицето, интензивно ја хидрира и храни уште од првата употреба. И замислете ги сите овие придобивки без никакви хемикалии! Вие заслужувате да си го дозволите сето ова!
Зошто токму сега да не купите сè што Ви е потребно за летната сезона?







Напишете коментар