Хлорофилин за здрава и убава кожа

Хлорофилот е висококвалитетен додаток во исхраната кој природно го намалува нивото на токсините во телото и го одржува здравјето и убавината на кожата. Нашиот производ Liquid Chlorophyll содржи хлорофилин.


Здрава кожа – чиста кожа

Еден од производите на Calivita кој содржи внимателно избрани билки корисни за здравјето и виталноста на човекот е производот Liquid Chlorophyll. Разликата помеѓу обичниот хлорофил и хлорофилин е во тоа што хлорофилинот е растворлив во вода и многу полесно се апсорбира од гастроинтестиналниот тракт. Хлорофилинот се карактеризира со моќен антиинфламаторно, детоксикациско, антибактериско, антиоксидантско и заздравувачко дејство.

Поради сите овие позитивни карактеристики Liquid Chlorophyll се препорачува и дава видливи ефекти за здравјето и убавината на кожата. Тој го намалува воспалението и помага во спречување на акни и проблеми со кожата, го намалува растот на бактериите во раните на кожата и придонесува за нивно брзо зараснување. Исто така придонесува во балансирање на хормоните, ја зголемува енергијата и ги неутрализира слободните радикали. Тој врши детоксикација на телото на природен начин.


Алкализација со Liquid Chlorophyll

Хлорофилинот е моќна антимутагена и антиканцерогена материја која има способност да ги уништи канцерогените и да го спречи нивното дејство на клеточниот ДНА материјал. Покрај тоа што штити од појава на туморски процеси, тој има и моќно алкализирачко дејство, а тоа е многу важно бидејќи ја неутрализира киселоста на организмот создадена од несоодветна исхрана којашто е ризик фактор за настанување на многу болести.

Хлорофилот се употребува за ублажување на непријатни симптоми предизвикани од прекумерно лачење на желудочна киселина, а исто така се смета и за природен внатрешен дезодоранс бидејќи го неутрализира непријатниот мирис на здивот и потта. Треба да се знае дека човечкото тело може во целост да го искористи токму тој облик на хлорофил кој е присутен во производот на Calivita Liquid Chlorophyll. Производот има пријатен, природен свеж вкус кој потекнува од природно масло од нане.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑