
Деменцијата претставува збир од симптоми на постепено, но прогресивно опаѓање на мозочните функции. Деменцијата најмногу се манифестира преку потешкотии со когнитивните функции и промени во однесувањето. Во понатамошните фази од болеста се јавуваат и промени во емоциите, говорот, расположението, мотивацијата, временска и просторна дезориентираност, неможност за самостојно донесување одлуки, потешкотии во моторните функции, промени во социјалниот домен сè до потешкотии во контролирано извршување на биолошките функции. Симптомите обично се развиваат полека, но со текот на времето состојбата се влошува до тој степен што настануваат проблеми во секојдневното функционирање на лицето, неможност самото да се грижи за себе.
Во широката палета на производи на Calivita, постојат повеќе производи кои би можеле да помогнат овој неповратен процес да се забави и колку што е можно подолго да се држи под контрола.
GINKO XC
Циркулацијата во мозокот слабее со возраста, а тоа значи и снабдување со помалку кислород и хранливи материи. Европските студии покажуваат дека гинкото го зголемува протокот на крв во мозокот, а тоа значи и подобро снабдување на мозокот со хранливи материи. Затоа употребата на гинко е неопходна кај деменција, вклучително и Алцхајмерова болест, заборавеност, главоболки, вртоглавица, конфузија, тешкотии со концентрирање, депресија.
Постојат три основни начини на кои гинко делува на човечкото тело:
- ја стимулира циркулацијата на крвта (вклучувајќи ја микроциркулацијата во мали капилари) до повеќето ткива и органи;
- ги штити клетките од дејството на слободните радикали (антиоксиданс);
- блокира многу механизми вклучени во слепување на тромбоцитите, односно формирање на згрутчување.

RHODIOLIN
Билката Rhodiola Rosea e главната состојка на нашиот производ Rhodiolin. Активните состојки на оваa адаптогена билка поволно делуваат на централниот нервен систем, а со тоа и на способноста за поголема концентрација, зголемување на менталните и физичките капацитети и подобрување на општото расположение. Оваа билка ја зголемува отпорноста од болести, воспоставува хомеостаза во организмот и дава виталност и енергија, а исто така го зголемува нивото на серотонин во мозокот што влијае на намалување на симптомите на депресија.

TRIPLE POTENCY LECITHIN
Triple-Potency Lecitin e производ со тројна јачина што содржи чист и природен лецитин од соја. Лецитинот е природна супстанција која се наоѓа во храната од растително потекло, на пример во сојата. Го регулира нивото на холестерол, ги чисти ѕидовите од крвните садови и ги зајакнува срцевите мускули. Се смета за согорувач и разградувач на маснотии. Бидејќи нашата исхрана генерално содржи многу повеќе масти, земањето лецитин е корисно за секого. Друга многу важна карактеристика на лецитинот е тоа што неговата редовна употреба ја ублажува болката во зглобовите. Потоа дава здрава боја на косата и може да го намали нејзиното опаѓање. За постари лица со намален апетит, тој е одличен тоник кој ја стимулира работата на цревата.

ZENTHONIC
Овој прекрасен спој од овошје, содржи повеќето корисни хранливи материи кои се неопходни за здравјето на човекот. Овошјето од мангостин содржи големо количество ксантони – флавоноиди кои имаат силна антиоксидантна активност, а богат е и со други антиоксиданти – полифеноли и катехини. Покрај мангостин, препаратот е збогатен и со густ сок од црно грозје, брусница, боровинки, јагоди, малини, цреши, јаболка и круши. Сите споменати плодови се исклучително богати со ензими, витамини, елементи во трагови и антоцијани, како и со некои други многу важни соединенија: фитинска киселина, елагична киселина, хлорогена киселина и некои есенцијални растителни влакна. Сите овие состојки се одговорни за здраво функционирање на клетките на човековиот организам.

MEGA qPROTECT
Комплексна антиоксидантна формула која ги содржи најдобрите витамини со антиоксидантна активност, олигоелементи, како и екстракт од зелен чај, убикинони (CQ10), каротеноиди од зеленчук и аминокиселини. Неговата посебна активна компонента е екстрактот од Гинко билоба чиишто моќни ефекти за здравјето на луѓето се користеле уште во древната кинеска медицина. Заедничкото дејство на сите компоненти обезбедува нормална функција на мозокот и подобра концентрација како и ефикасна антиоксидативна заштита и подобар имунитет.
ENERGY & MEMORY
Нервните клетки на нашиот организам се чувствителни и реагираат неповолно на дефицитот на хранливи материи. Со редовно земање на препаратот Energy&Memory можеме да делуваме превентивно, т.е. да му ги обезбедиме на мозокот потребните материи за нормално функционирање.
Препаратот содржи лецитин и холин кои ги подобруваат мемориските функции на мозокот, потоа антиоксиданти – витамините Е и Ц, цинк и селен. Содржи исто така и магнезиум кој има големо значење во преносот на нервните импулси во клетките и делува релаксирачки и гуарана – која има психофизичко стимулативен ефект, ја зголемува будноста и моќта на размислување, го намалува чувството на замор и дава психолошка свежина.









Напишете коментар