
Соодветното управување со отпадот и елиминирање на непотребниот отпад денес претставуваат сериозен предизвик за човештвото, бидејќи ако ја анализираме само Европската унија, еден граѓанин тука во просек произведува половина тон отпад годишно. Поголемиот дел од него може да се рециклира или компостира, но исто така треба да се има предвид дека значителен дел од отпадот доаѓа од домаќинствата. Затоа многу е важно отпадот што може да се рециклира да се собира на соодветен начин, а исто така и да се најде начин да се намали количеството на отпад од домаќинствата.
БИДЕТЕ КРЕАТИВНИ И ПОВТОРНО УПОТРЕБУВАЈТЕ ГИ РАБОТИТЕ!
Како член на Calivita, ајде да разгледаме кога ќе добиеме производ што би можеле да направиме со неговата амбалажа за да ја заштитиме околината.

Најпрво нашата нарачка ја добиваме во хартиена кутија. Размислете дали може оваа амбалажа повторно да се употреби. Може ли оваа хартиена кутија да стане детски костим за карневал или да се искористи за складирање на други предмети во неа? Повеќе луѓе купуваат кутии за складирање предмети кои ги сместуваат врз нивните гардеробери. Ако и Вие имате таква потреба искористете ги квалитетните, рециклирачки хартиени кутии на Calivita!
Потоа следи пакувањето на производот. Ако има можност да изберете поголемо пакување на одреден производ за кој знаете дека сигурно ќе го потрошите, тогаш вреди да се нарача поголемото пакување бидејќи на овој начин ќе се намали бројот на пакувањата на производите.

Што можеме да направиме со празното пакување на производот? Размислете дали можете повторно да го користите. На пример, некои луѓе го користат шишето органски нони подолго време како шише за вода. Но, пакувањето од таблетите е совршено и низ домаќинството, на пример, за складирање на разни работи. Можете да носите семиња во вашата градина во празното пакување на C1000 Plus. Би можеле да складирате завртки или мали предмети во поголемите кутии од Strong Bones или Super Soya Lecithin. Доколку амбалажите не ги користите, тогаш фрлете ги во селективен сад бидејќи секое пакување е направено од квалитетна пластика што може да се рециклира!
ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ЕКОЛОШКАТА СРЕДИНА ЗАЕДНО СО CALIVITA
Calivita, исто така, посветува големо внимание за да одбере каков вид на амбалажа за производите да употреби со цел помалку да влијае врз загадувањето на животната средина. Нашата компанија го избира решението кое нуди еколошка заштита а во исто време и максимално да се зачува стабилноста на состојките и да се заштити производот при испорака.

Можете и Вие како партнери на Calivita да ни се придружите и да дадете свој придонес во осварување на нашата замисла. Кога ќе нарачувате производи следниот пат, размислете дали би можеле да ја искористите можноста за групна нарачка! За поблиските членови на семејството и пријателите, можете да нарачате на таков начин што бонусните поени ќе бидат запишани во кодот за членство на сите, но пакувањето и влијанието врз животната средина од превозот ќе бидат значително намалени. Размислете за оваа опција пред да нарачате бидејќи ќе ви овозможи и зголемување на бројот на Вашите групни бонус поени!
Со малку внимание, можете да уживате во сите предности на производите на Calivita, а истовремено и да се грижите за животната средина. Погрижете се да оставите чиста животна средина за следните генерации!

Напишете коментар