
Верувам дека ги донесовте Вашите новогодишни одлуки, а можеби и веќе се откажавте од некои од нив. Не бидете премногу строги кон себе… сепак сме луѓе. Но, не дозволувајте да се откажете премногу лесно бидејќи тоа не би било фер за Вашиот потенцијал ниту пак корисно за Вашата иднина. Застанете и размислете за тоа неколку минути. Погледнете ја Вашата листа на планови и решенија за новата година и рангирајте ги според важноста.
Размислете зошто ги донесовте тие одлуки и оставете ги настрана оние „Resolutions Lite“. Тоа се работи кои сакаме да ги направиме, но не се неопходно важни за нашата иднина или за постигнување на нашите главни животни цели.
Потоа размислете за Вашите вистински животни цели. Тоа се најважните што сте ги запишале, оние што ги читате секое утро додека го пиете кафето или чајот и се подготвувате да го започнете денот. Дали овие цели се променија? Дали тие се сè уште Вашите животни цели? Ако одговорот е да, тогаш сакам да размислите за следново.

Животот се живее само еднаш. Имате само една шанса за да го живеете животот од соништата. Како би се чувствувале доколку не дадете максимални напори за да ги остварите Вашите вистински животни цели?
Клучот е акција. Можеби нема брзо да ги реализирате Вашите вистински животни цели бидејќи за добрите работи е потребно време, но клучот е да продолжите да се обидувате и едноставно никогаш да не се откажувате.
Не можете да го контролирате светот околу Вас, но може да имате 100% контрола врз некои цели и активности кои сакате да ги остварите.
Дали е лесно? Апсолутно не, секако можете да тргнете по лесниот пат, патот на најмал отпор, но тој пат води до просечен, неостварен, несреќен живот.
Ние луѓето сме многу креативни кога сакаме да најдеме оправдување зошто нешто нема да успее, зошто не можеме да направиме нешто или зошто треба да започнеме утре. Во овој поглед, ние сме суперталентирани. Но, тој талент и креативност може да се сврти обратно. Може да го искористите за постигнување работи за кои никогаш сте мислеле дека не сте способни. Но, за да го искористите тој потенцијал, треба да знаете точно што сакате. Треба да си поставите вистински животни цели. Кога ќе го имате тој фокус, ќе се изненадите што можете да постигнете.

Сите Вие сте талентирани и интелигентни но едноставно не сте имале шанса да го откриете својот потенцијал. Време е да си дадете шанса … време да го искористите својот потенцијал.
Со вистински поставени животни цели цврсто вградени во Вашиот ум и секојдневна насоченост и активност за тие да се остварат, успехот е неизбежен. Вие ја контролирате Вашата иднина. Треба да верувате во тоа бидејќи кога луѓето ќе го видат и почувствуваат тоа, ќе ви се придружат на Вашето патување и ќе ве поддржуваат.
Сакајте се и грижете се за себе, за Вашето семејство, пријателите и саканите. Создавајте можности бидејќи само на тој начин финансискиот успех може да стане дел од Вашиот живот.
Не сте сами на ова патување. Заедница на Calivita ќе ве поддржува на секој чекор од патот. Време е да заблескате и заедно да блеснеме уште посилно, исто како прекрасните ѕвезди во јасна, топла, мирна и релаксирачка летна ноќ.

Основач и претседател

Напишете коментар