
Денес, со забрзаното темпо на живот, за сите нас заедничко е тоа што многу малку време посветуваме на правилниот одмор. Тоа темпо во комбинација со стресот може да предизвика одредени нарушувања во сонот, кој е потребен за да може организмот да се обнови. За таа цел производот Мелатонин може многу да ни помогне.
Во нашиот мозок се наоѓа многу важна област позната под името пинеална жлезда или епифиза. Во времето кога ќе се намали дневната природна светлина, оваа жлезда произведува мелатонин од серотонинот, кој има важна улога во одржувањето на ритамот на сонот и будноста. При намалување на природната светлина, се зголемува производството на мелатонинот, кој ни обезбедува физиолошки задоволителен одмор. Името „мелатонин“ во превод значи „црно“, укажувајќи на тоа дека мелатонинот се произведува само во темнина. Мелатонинот е важен не само кај луѓето туку и кај животните. Птиците преселници знаат дека дошло време за преселба, на есен, на основа на дејството на мелатонинот. Оваа супстанција, исто така, го регулира растот на влакната кај животните и состојбата на хибернација кај некои животни.
Нивото на мелатонин во организмот се менува, во зависност од нашиот ритам. Постои одредена тип на дневен ритам кој зависи од сончевата светлина и сезонски ритам кој зависи од должината на денот. Нивото на мелатонинот, во текот на ноќта, може да биде и до десет пати поголемо од нивото на мелатонин во текот на денот.
Оваа рамнотежа лесно може да се наруши, посебно кај луѓето кои работат навечер или често менуваат неколку временски зони. Лицата кои имаат тешкотии со спиењето, често користат синтетички лекови (таблети за спиење), иако би можеле да си помогнат и со земање на природни додатоци на исхраната, кои по природен пат би овозможиле да го надополнат недостатокот од мелатонин во нивниот организам. За разлика од синтетичките лекови, при користење на природниот мелатонин, лицата се будат одморени и свежи.
Важно е да се спомене дека производството на мелатонинот во нашиот организам се намалува како старееме, односно овој препарат може да биде од голема помош на старите лица кои имаат нарушен сон. Човечкото тело најдобро функционира доколку има правилен циклус на спиење и будност. Помагајќи при одржување на потребниот сон и релаксацијата, мелатонинот придонесува за здрава функција на имунолошкиот систем, крвниот притисок и телесната температура.


Напишете коментар