Разновидното дејство на Омега 3 масните киселини

Ефектите на омега-3 врз Вашето тело

Омега-3 масните киселини играат улога во голем број различни процеси во Вашето тело: На клетките им се потребни за производство на хормони, тие содржат витамини, складираат енергија и хранливи материи; учествуваат во градба на клеточните мембрани. Важно е да се спомене дека составот на клеточните мембрани главно зависи од храната што ја консумирате: омега-3 масните киселини вградени во нив ги прават по пофлексибилни.

Постојат повеќе придобивки што ги пружаат омега-3 масните киселини!

Поддршка на кардиоваскуларниот систем

Омега-3 масните киселини помагаат да се спречи таложење на холестерол во крвните садови; го намалуваат нивото на липиди и крвниот притисок, а со тоа го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, вклучувајќи мозочен и срцев удар. За повеќе информации за ефектите на омега-3 врз вашиот кардиоваскуларен систем, ве молиме кликнете овде (врска до веб-артикл 1).

Поддршка на нервниот систем

Масните киселини – од рангот на омега-3 масните киселини, особено DHA (докосахексаеноична киселина) – се исто така важен дел од мембраните на нервните клетки. Тие играат улога во обезбедувањето непречен пренос на сигнали помеѓу нервните клетки и ја поддржуваат нормалната нервна, визуелна и мозочна функција. Особено важно е нивното користење во фазата на фетален развој и во детството, доколку сакате да бидете сигурни дека сите тие витални функции се развиваат како што треба. Но, нивните ефекти се многу значителни и во староста бидејќи придонесуваат за побавен ментален пад и им помагаат на луѓето да го зачуваат своето ментално здравје подолго време. За повеќе информации за корисните ефекти на омега-3 кај децата, ве молиме кликнете овде (врска до веб-артикл 2). За повеќе информации за позитивните ефекти на омега-3 кај постарите лица, ве молиме следете ја врската (врска до вебартикл 3).

Антиинфламаторно дејство

Покрај горенаведеното, докажано е дека Омега-3 масните киселини имаат и антиинфламаторно дејство имаат. Ова значи дека тие се способни да ја смират болката директно во случај на артритис, а индиректно може да го модулираат хроничното воспаление со низок степен и на тој начин да помогнат во спречување или подобрување на статусот на пациентите кај многу болести: метаболички нарушувања, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, проблеми со нервниот систем, автоимуни процеси, како и депресија и нарушувања во клеточна делба. За повеќе информации за антиинфламаторните ефекти на омега-3, ве молиме следете ја врската (врска до вебартикл 1).

Поддршка за вашиот имунолошки систем

Последно, но не и најмалку важен е податокот дека колку пофлексибилни се вашите клетки, толку подобра одбрана ќе можат да пружаат на нападите од патогени. На овој начин, омега-3 масните киселини придонесуваат за подобрување на функционирањето на имунолошкиот систем и побрзо закрепнување благодарение на нивното антиинфламаторно дејство. За повеќе информации за ефектите на омега-3 врз имунолошкиот систем, ве молиме следете ја врската (врска до вебартикл 4).

Од сето ова може да се заклучи зошто е важно омега 3 масните киселини да се присутни во сечија исхрана. Изберете рибино масло со врвен квалитет и врвна чистота! Изберете ја новата Nordic Pure Omega 3 течност на Calivita! Нашиот производ не содржи никакви вештачки адитиви, шеќер, па дури и вкус на риба. Неговиот нежен вкус на лимон и течна форма го прават лесен за консумирање за млади и стари подеднакво.

Одлучете се за Nordic Pure Omega 3 Liquid од Calivita!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑