
Кверцетинот е флавоноид, кој може да се најде во зеленчукот и овошјето. Во големи количини го има во кромидот, но и во јаболката, кајсиите, црешите и грозјето.
Флавоноидите имаат значителни антиоксидантни и антиинфламаторни ефекти. Нивната редовна консумација ги заштитува клетките од негативните ефекти на слободни радикали и овозможува нивно непречено функционирање.
Тие исто така имаат позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем ја намалуваат кревкоста на капиларите, а со тоа ја зголемуваат флексибилноста на ѕидовите на крвните садови. Нивната редовна консумација може да го намали нивото на холестерол и формирањето на згрутчување на крвта, така што тие можат да имаат заштитен ефект против тромбоза и да го забават развојот на атеросклероза.
Благодарение на нивните корисни ефекти на васкуларниот систем и нивните антиинфламаторни својства, тие можат да придонесат за лекување на симптомите на дијабетес и да помогнат да се намалат штетните последици.
Флавоноидите имаат и антиалергиски ефекти бидејќи можат да го инхибираат производството на хистамин и други супстанции одговорни за воспаление, со што се намалува можноста за алергиска астма.
Кверцетинот, исто така, помага во заштитата од инфекции на неколку начини. Не само што го поддржува и регулира имунолошкиот систем, туку има и антипатоген ефект со широк спектар, а исто така ги намалува нивоата на проинфламаторни цитокини. Во студија во која биле опфатени пациентите над 40-годишна возраст тие побрзо закрепнале од инфекции на горниот респираторен тракт со благи симптоми поради внесување на големи количини на кверцетин.
За да го заштитите Вашето здравје внесувајте соодветна количина на кверцетин, кој можете да го најдете и во новата палета на висококвалитетни додатоци во исхраната на Calivita!


Напишете коментар