
Бетаглуканот помага на имунитетот и го прави посилен. Исто така, бетаглуканот учествува во производството на матични клетки на коскената срцевина и помага во производството на леукоцити, тромбоцити и еритроцити. Ако терминот „глукан“ ве асоцира на глукоза или шеќер, не сте далеку од вистината. Глуканите се вид сложени шеќери или полисахариди, чие природно живеалиште се наоѓа во клеточните ѕидови на некои бактерии, габи, растенија (како што се овес и јачмен), алги и лишаи. Единствениот начин да се снабди организмот со бета-глукан е преку храната бидејќи не го создава сам.
Од друга страна, исхраната богата со растителни влакна, алги и печурки е карактеристична за источната култура и не е ни чудо што придобивките од бета-глуканот за првпат се откриени токму таму.
Во традиционалната источна медицина, се користел со векови за зајакнување на имунитетот и во Јапонија е официјално е признаен како лек од 1983 година. На запад, неговите ефекти сè уште се анализираат и се проучуваат, но досегашните истражувања и тестирања покажаа многу охрабрувачки резултати.
Бетаглуканот помага во ублажувањето на симптомите на настинка, алергии, го намалува нивото на холестерол, ги ублажува респираторните инфекции, спречува хроничен замор, го регулира нивото на шеќер во крвта, дејствува превентивно на почетокот и на развојот на карцином и значително го скратува времетраењето на сите болести. Сепак, човечкото тело не може да произведува бета-глукан самостојно и затоа треба да се зема во форма на додатоци во исхраната или преку храната што го содржи.
Витаминот Д не само што го поддржува, туку и го поттикнува функционирањето на имунолошкиот систем. Многу испитувања покажале дека витаминот Д помага во зајакнување на имунолошкиот систем во борбата против респираторните заболувања како што е настинката. Сепак многу луѓе имаат недостаток на витамин Д, посебно во зимските месеци кога има помалку сонце, додека пак облеката целосно го покрива телото како заштита од ладното време. Испитувањата покажале дека, со правилна суплементација на витамин Д, настинките можат да се намалат до 90%. Правилната суплементација со витамин Д е вистинскиот начин за проактивен премин преку сезоната на настинки.
Органскиот цинк што се наоѓа во производот е многу битен за имунитетот бидејќи без него лимфоцитите не може да функционираат. Тој ја намалува појавата на акутни респираторни инфекции за 35%, важен е за правилно функционирање на неутрофилите-клетки на вродениот имунитет. Цинкот може да спречи навлегување, адхезија и размножување на патогените во телото.
Лактобацилус Рамозус учествува во регулирање на имунолошкиот одговор и затоа се нарекува и имунобиотик, ја намалува фреквенцијата и сериозноста на респираторните инфекции и го скратува времетраењето на заразните болести.
Куџу е Јапонска билка ефикасна во лекување на настинка и грип. Спречува инфекција, ги намалува воспалителните процеси, исто така е голем антиоксиданс и детоксикатор во организмот, ја намалува коагулацијата на крвта и доведува до хомеостаза.
Кверцетинот е флавоноид кој го има во плодовите и зеленчукот, го зајакнува имунитетот и дејствува против патогени и делува антикоагулантно.


Напишете коментар