
После летните месеци пристигна есента и повеќето луѓе со обновена енергија тргнаа на работа, а започна и школската година. Најчесто тоа значи и дополнителни обврски кои ја отежнуваат рамнотежата меѓу работните обврски и секојдневниот живот. Повеќето луѓе ги преиспитуваат своите зацртани годишни планови за да утврдат каде најпрво да се фокусираат. Бидејќи на пандемијата сè уште не ѝ е дојден крајот, таа и понатаму го нарушува нашиот секојдневен живот.
Секојдневно сме изложени на стрес. Негативниот стрес е дел од нашиот живот од којшто не можеме да се ослободиме. Штом не можеме да се ослободиме, тогаш како да живееме со него а да не ни влијае негативно на нашето здравје?
Негативниот стрес е заснован на емотивни процеси и се создава во различни животни ситуации. Тој предизвикува повеќе биолошки процеси во телото со цел да го подготви за полесно надминување на стресната ситуација. Но, факторот стрес, како на пример стрес на работното место, не може лесно да се победи. Тогаш остануваме во состојба на подготвеност и не можеме да ја вратиме рамнотежата, а негативниот ефект врз нашето тело може да остане трајно.
Затоа е важно, како што вели Стивен Ковеј „Не ги распоредувајте обврските спрема приоритетите туку, распоредите ги приоритетите“
Зошто тоа тешко се постигнува? Бидејќи често пати други ни одредуваат задачи. Овие задачи постојано пристигнуваат и се очекува од нас што побрзо да ги завршиме. Но, ние самите треба да си ги поставиме приоритетите, сами да ги дефинираме и да не дозволиме да преовладува списокот на задачи што ги извршуваме секојдневно.
Тој што знае кои кои се неговите главни приоритети ќе си ги поставува целите според нив и тој ќе биде поефикасен во градењето на својот бизнис. Во случај на деловен состанок, тој ќе има поголема самодоверба, поради едноставниот факт дека има поставено приоритети и цели. Тој ќе знае зошто прави одредени работи и кои работи се навистина важни за него. Сигурно е дека ќе може и да ги забележи спонтаните можности кои му се нудат и ќе му биде полесно да ги искористи. Покрај тоа, ќе ги анализира своите резултати на пореален начин, што ќе му овозможи да изгради подобро структуриран и попрофитабилен бизнис.
Внесете мир и рамнотежа во Вашиот живот! Дејствувајте според Вашите приоритети и искористете ги можностите што ги нуди Calivita – и производни и деловни можности, за да го живеете животот со помал стрес и со подобра рамнотежа!

Напишете коментар