Женшен во борба против стресот и заморот

Женшенот е добро познат во традиционалната медицина. Станува збор за адаптогена билка која му помага на организмот да се справи со стресните ситуации со кои се соочува и притоа да одржи добра психофизичка кондиција. Со модерниот начин на живеење сме изложени на големо ниво на оксидативен стрес (во голема мера и од загадувањето на воздухот), а женшенот како моќен антиоксидант помага во борба со слободните радикали.

Кога станува збор за машкото здравје, женшенот се употребува успешно при состојби на еректилна дисфункција, како и за подобрување на физичкиот перформанс. Особено е значајна за спортисти бидејќи помага во одржување на подобра кондиција и го намалува заморот. Воедно помага во одржување на добро здравје на кардиоваскуларниот систем, преку антиоксидантна заштита на срцето и регулирање на крвниот притисок.

Доколку чувствувате како стресот ја презема контролата, а константниот замор не Ви дозволува да се борите со него, Panax Ginseng е вистинскиот избор!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑