Алкализација со течен хлорофил

Природата ни подарила голем број на растителни метаболити кои се наречени фитохемикалии. Некои од нив имаат биолошка активност која е корисна за здравјето на човекот.

Еден од производите на Calivita кој содржи внимателно избрани билки корисни за здравјето и виталноста на човекот е производот Liquid Chlorophyll.

Овој производ содржи хлорофилин, растителен пигмент, кој според истражувањата последниве 20 години се смета за најмоќно природно средство за заштита на организмот од неконтролирани промени на клетките.

Хлорофилинот е моќна антимутагена и антиканцерогена материја која има способност да ги уништи канцерогените и да го спречи нивното дејство на клеточниот ДНА материјал. Покрај тоа што штити од појава на туморски процеси, тој има и моќно алкализирачко дејство, а тоа е многу важно бидејќи ја неутрализира киселоста на организмот создадена од несоодветна исхрана којашто е ризик фактор за настанување на многу болести.

Хлорофилот се употребува за ублажување на непријатни симптоми предизвикани од прекумерно лачење на желудочна киселина, а исто така се смета и за природен внатрешен дезодоранс бидејќи го неутрализира непријатниот мирис на здивот и потта.

Треба да се знае дека човечкото тело може во целост да го искористи токму тој облик на хлорофил кој е присутен во производот на Calivita Liquid Chlorophyll.

Производот има пријатен, природен свеж вкус кој потекнува од природно масло од нане.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑