
Проблемите со простатата заземаат сè повисоко место на скалата на болести. Овие промени не се манифестираат само со воспаление и бенигно зголемување на простатата (БПХ), туку, за жал се манифестира и малигно зголемување. Затоа составот на нашиот производ Pro-STP привлекува се поголемо внимание.
Состојките на Pro-STP се внимателно избрани така што активните состојки делуваат многу ефективно во спречување на болестите на простатата и уринарниот тракт кај мажите, без разлика на возраста. Овие состојки можат многу да помогнат како додаток на класичниот третман на болести на простата, за ублажување на проблемите во постоперативниот период, а придонесуваат и за превенција од рак на простата. Користењето на овој производ не предизвикува никакви непријатни нуспојави (на пр. намалување на либидото и потенцијата).
Најчестото нарушување што се појавува во зрелата возраст кај мажите е бенигното зголемување на простатата (БПХ) а симптомите се често мокрење, ноќно мокрење, слаб уринарен млаз, неконтролирано мокрење, нецелосно празнење на мочниот меур и болка при мокрење. Треба да се напомни дека БПХ е резултат на хормонални промени кои се карактеризираат со зголемување на вредностите на дериватот на тестостерон (дихидротестостерон) кој го стимулира растот на клетките на простатата. Факторите кои можат да го забрзаат процесот на хипертрофија се поврзани со начинот на живот како и со присуство на други болести. Дел од тие фактори се: користење премногу во исхраната на црвено месо и месни производи, пушење, дијабетес, висок крвен притисок, стрес и недостаток на физичка активност. Тоа значи дека БПХ е дегенеративен процес кој може да се забави или спречи со соодветни диететски мерки.
Бидејќи зголемувањето на ткивото на простатата кај мажите најчесто се јавува на возраст кога машкото тело развива хормонална нерамнотежа (слично како кај жените во менопауза), неопходно е да се преземат соодветни диететски мерки во поглед на исхраната, а исто така и да се употребуваат билни препарати кои влијаат на превенцијата, забавувањето и нормализирањето на овие промени. Со тоа ќе се спречи неконтролираното размножување на клетките и зголемувањето на ткивото на простатата. Голем ефект во овој процес имаат растителните фитостероли што ги содржи овој производ, потоа цинкот и лигнаните од ленено семе.
Исто така овие состојки го спречуваат и воспалението, кое често се јавува како несакан ефект на зголемената простата, тоа предизвикува притисок врз уринарниот тракт, го спречува нормалното празнење на мочниот меур и во него се акумулира урина. Овие состојки ја зголемуваат и еластичноста на мочниот меур, го стимулираат лачењето на течност од простатата, имаат диуретично и антиедематозно дејство. Третото нивно важно својство е силната антиоксидантна заштита и затоа успешно ги спречуваат штетните ефекти на слободните радикали, кои можат да предизвикаат малигни промени на клетките. Антиоксидативната заштита на Pro-STP првенствено се должи на ликопен, селен, цинк. Ликопенот и цинкот и природно се наоѓаат во високи концентрации во ткивото на простатата и се најодговорни за нејзината заштита. Но, бидејќи нивната концентрација се намалува со возраста, неопходно е да се дополнуваат. Антиоксидативната заштита се подобрува исто така и со земање на селен, тој е неопходен за формирање на сперма и генерално игра значајна улога во одржувањето на машката сексуалност. Улогата на цинкот за здравјето на репродуктивниот систем е важна бидејќи ја стимулира синтезата на тестостерон кој ја олеснува ерекцијата и ејакулацијата, а се покажа дека е многу ефикасен и во спречување на бенигна хиперплазија на простатата.
Посебна карактеристика на Pro-STP е состојката биоперин, која овозможува максимална апсорпцијата на сите активни состојки, а со тоа се зголемува нивната ефикасност во организмот.


Напишете коментар