Почувствувајте ја моќта на лимонот!

Лимонот е едно од најпопуларните овошја кое ни е достапно во тек на целата година. Покрај тоа што има висока содржина на витамин Ц, поради пријатниот освежителен мирис и вкус може да се користи и како зачин, пијалак, а исто така може да се сретне и како украсно растение во домовите и друго. Благодарение на неговите својства и корисни ефекти има важно место во палетата производи на Calivita. Тој се сретнува во нашите додатоци на исхрана како аромат, во нашите козметички производи, еколошките средства за чистење, нашата палета содржи и есенцијално масло од лимон.

Рибиното масло е нешто што многу луѓе го избегнуваат поради неговиот карактеристичен вкус. За да го надминеме овој проблем нашиот производ Nordic Pure Omega 3 Liquid го збогативме со природна арома на лимон и добивме производ со многу пријатен вкус. Овој природен производ на Calivita е со врвен квалитет и потекнува од чист и сигурен извор, тоа е риба од исландските води. Овој нов производ содржи висока концентрација на DHA (докозахексаноична киселина) и како таков овозможува нормална функција на мозокот, нервниот систем и видот. Тој е идеален додаток во исхраната на децата, бремените и доилките и на постарите лица.

Пастата за заби на Calivita, Organicare Lemon Toothpaste исто така има свеж и природен вкус на лимон. Овој органски производ не содржи флуор, никел, ментол, парабени и вештачки бои, а моќта на чистење се заснова на органските растенија кои влегуваат во нејзиниот состав. Тие билки се: мајчина душица, жалфија, рузмарин, глуварче и исландски мов кои нежно, но ефикасно ги отстрануваат наслагите од забите и ја заштитуваат глеѓта. Лековитите растенија кои влегуваат во составот на овој производ исто така имаат и својство на ублажување на болка, а делуваат и антиинфламаторно на слузницата на устата и непцата доколку се иритирани.

Интензивниот мирис на лимон сам по себе може да ни го подобри расположението. Органското есенцијално масло од лимон на Calivita има антидепресивен ефект и затоа се смета за природен освежувач и подобрувач на расположението. Тоа ја подобрува концентрацијата, предизвикува креативни мисли и ја стимулира функцијата на мозокот. Благодарение на неговите антивирусни и антибактериски својства помага во спречување и лекување на инфекции, може да ги ублажи утринските мачнини и да ја намали мачнината кај трудниците. Едно мало шише содржи арома дури од 30 лимони! Производот е неразреден, не содржи вештачки додатоци, алкохол или пак вештачки мириси, сето ова Ви овозможува да уживате во сите придобивки што ги нуди 100% чистиот лимон.

Покрај веќе наведените придобивки, лимонот наоѓа примена во одржување на хигиената во домовите. На пример сокот од лимон го отстранува бигорот и остава пријатен мирис. Нашиот еколошки производ CaliGreen Ви овозможува да ја искусите природната моќ на лимонот!

Нашето природно средство за чистење на бања CaliGreen Natural Bathroom Cleaner содржи алкохол, млечна киселина и лимонска киселина, лесно ги чисти нечистотиите од сапун, маснотии, трагите од вода и други нечистотии во бањата.

Нашето природно средство за чистење во домаќинството CaliGreen Natural Household Cleaner e моќен концентрат, тој е еколошко средство што содржи алкохол, млечна киселина, лимонска киселина и сода, неговата употреба ќе Ви овозможи беспрекорно чист дом. Во слободно време разгледајте ја веб страната на Calivita и одберете од нашата широка палета на производи на база на лимон за да ја запознаете неговата моќ во зачувување на Вашето здравје и убавина!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑