Immunvirex – ефикасна заштита од патогени

Патогените микроорганизми се подготвени да нападнат не само во есенските и зимските месеци, туку и во секое време и да предизвикаат сериозни симптоми.

Immunvirex е комплекс за зајакнување на имунитетот кој одржи идеална комбинација на витамини, минерали и активни состојки од растително потекло.

Благодарение на квалитетните активни состојки, производ на Calivita, Immunvirex ја поддржува одбранбената способност на организмот на шест нивоа:

  1. Го подготвува телото за напад на патогените.
  2. Го запира дејството на патогените.
  3. Обезбедува правилно функционирање на имунолошкиот систем: ја контролира недоволната или прекумерната активност.
  4. Има антивоспалително дејство.
  5. Може да го инхибира развојот на цитокинска бура и згрутчување на крвта.
  6. Обезбедува поблаги симптоми и побрзо закрепнување.

Состав: Витамин Д3, Цинк, бета-глукан, кверцетин, биоперин, куџу, Лактобацилус рамозус.

Бета-глуканот во традиционалната источна медицина со векови се користел за зајакнување на имунитетот. Тој помага во ублажување на симптомите на настинка, алергии, ги ублажува респираторните инфекции, спречува хроничен замор, значително го скратува времетраењето на сите болести. Учествува по производството на матични клетки на коскената срцевина и помага во создавањето на леукоцити, тромбоцити и еритроцити.

Улогата на органскиот цинк што се наоѓа во производот е многу битен за имунитетот бидејќи без него лимфоцитите не може да функционираат. Тој ја намалува појавата на акутни респираторни инфекции за 35%, важен е за правилно функционирање на неутрофилите-клетки на вродениот имунитет

Цинкот може да спречи навлегување, адхезија и размножување на патогените во телото.

Витаминот Д не само што го поддржува, туку и го поттикнува функционирањето на имунолошкиот систем.

Ориенталната билка, куџу има анти-воспалителни и антиоксидантни ефекти.

Кверцетинот е флавоноид кој смета за најдобар природен антиоксиданс, се наоѓа во растенијата, овошјето и зеленчукот. Не само што го поддржува и регулира имунолошкиот систем, туку исто така го намалува нивото на цитокини кои предизвикуваат воспаление. Исто така, го инхибира формирањето на крвни коагуланти.

Лактобацилус рамозус учествува во регулирање на имунолошкиот одговор и затоа се нарекува и имунобиотик, ја намалува фреквенцијата и сериозноста на респираторните инфекции и го скратува времетраењето на заразните болести.

Кога се препорачува?

– за да се овозможи ефикасна заштита од инфекции

– за да се постигне природна комплексна имунолошка поддршка

– за да го подготвиме организмот од напад на патогени

– да се зајакне отпорноста на организмот пред и за време на сезоната на настинки

– во случаи на често разболување

– на сите кои брзо се заморуваат и се изложени на психички или физички стрес.

Дозирање: 1 капсула дневно.

Предупредување. Куџу може да го намали крвниот притисок, шеќерот во крвта и да го забави згрутчувањето на крвта. Не се препорачува за бремени жени, доилки и деца.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑