
Со почетокот на Новата година во јануари, за многу луѓе започнува и поставувањето на нови цели.. Главните области за поставување цели најчесто се однесуваат на здравјето, кариерата, финансиите и семејството. Оние кои работат share marketing ја знаат важноста на само развојот, така што они си поставуваат цели и во оваа област.
Но, како да поставиме цели кога светот во кој живееме постојано се менува. Како да постигнеме нашиот живот да напредува во насока каде што сакаме покрај сите неизвесности што не опкружуваат?
Најважно е да не размислуваме за остварување на нашите цели како да е тоа голем чекор. Треба да мислиме во насока дека тоа е патување кое се состои од многу мали чекори и дека чекор по чекор напредуваме кон остварување на нашите цели.
Теоретски изгледа реално, но, во пракса најчесто е малку поинаку. Почетокот на годината повеќе луѓе ја започнуваат со постигнување на своите цели, но како што одминува времето, нивниот ентузијазам згаснува, нивната енергија опаѓа и поставените цели тешко се остваруваат.
Но, деловниот маркетинг бизнис на Calivita е пресметлив, безбеден и треба да биде успешен бизнис доколку ги преземеме соодветните чекори. Патот кон успехот е обележан, ни останува само да ја следиме насоката.
Добар пример за тоа е пустината Сахара, каде што патот е обележан со големи буриња нафта на секои пет километри за да може патникот да ги следи. Не е важно што знаеме каде е нашата далечна цел, го гледаме патот само додека одиме од пет километри до следните пет километри, додека околината околу нас секогаш се менува.
Во share marketing и ние го доживуваме истото патување, знаеме која е нашата деловна цел, но за да ја постигнеме треба да преминеме од една деловна задача до друга деловна задача. Ако не го направиме тоа правилно, нема да ја постигнеме целта што ја сакавме.
Share marketing на Calivita има и едно многу важно правило за успех, а тоа е дека не можете сами да бидете успешни. Можете да постигнете успех само ако од се срце им помагате на другите и ако и тие исто така активно придонесуваат за Вашиот успех. Бизнис моделот овозможува секој учесник да може да биде победник.
Поставете ги Вашите годишни цели, разделете ги на чекори, консултирајте се со Вашиот спонзор и потоа со помош на деловните материјали што ви ги нуди Calivita напредувајте и остварете ја вашата цел! Calivita ќе Ве поддржува цело време!

Напишете коментар