
Добро би било навреме да ги купите божиќните подароци за Вашите блиски, освен ако практикувате тоа да го правите во последен момент. Велите дека не сакате на Вашите блиски да им подарувате „само витамини“, затоа не грижете се имаме многу повеќе од „само витамини“! Можете слободно да сметате на нас, ние ќе смислиме некои навистина супер работи со кои ќе ги изненадите Вашето семејство и пријателите. Еве неколку работи за кои можеби ќе Ве заинтересираат.
Барате нешто за женските членови на семејството? Без разлика дали е Вашиот партнер или мајка, едноставно не можете да погрешите со кутија #glamUp дополнета со OrganiCare Anti-Ageing Cream крем со пријатен мирис, свежа и мека текстура која ја освежува кожата и дава природна мекост. Вашите сакани ќе бидат многу задоволни бидејќи ќе имаат цврста и еластична кожа, полна со живот! Кремата видливо ги намалува брчките и другите несовршености.
Секако, имаме прекрасни подароци и за машките членови на семејството. Наша посебна препорака овој пат е RiseUp Multiactive Collagen. Тоа е биолошки активна колагенска мешавина, засилена со различни форми на поддршка на ’рскавицата, антиинфламаторни агенси и хијалуронска киселина. Подарете му го на Вашиот партнер како идеален придружник за секоја вежба или на Вашиот татко да му помогне да доживее поактивен живот со помалку болка. Дополнете со OrganiCare Rescue Gel кој е многу ефикасен во смирувањето на пренапрегнатите мускули и зглобови.
Покрај членовите на Вашето семејство, палетата на органски козметички производи Calivita OrganiCare нуди одличен избор доколку сакате да спремите подароци и за Вашите пријатели. Можете, на пример, да подарите Hand&Body Lotion, кој ја омекнува кожата, ја задржува нејзината влажност, а високата концентрација на масла и хранливи материи ја прават кожата свиленкаста и го одложуваат нејзиното стареење или пак Silk&Shine Shampoo кој темелно ја чисти, и зајакнува структурата на косата и е одлична заштита од боите за коса. Секој би сакал да добие вакви подароци!
Исто така разгледајте ја нашата палета на 100 проценти чисти, врвни органски есенцијални масла. Најдете го мирисот што најмногу одговара на Вашиот ценет пријател: стимулирачки лимон, смирувачка лаванда или можеби нашиот скапоцен темјан? Овие органски масла не само што мирисаат одлично, туку имаат и многу (често занемарени) корисни ефекти.
А зошто да не изберете и есенцијално масло за себе? Во студените зимски вечери ќе Ви се допадне, ставете неколку капки на дифузерот и направете си празнична атмосфера со небесен мирис!









Напишете коментар