
Во 2022 година одевме по патот што си го зацртавме и продолживме да ги следиме нашите цели, користејќи суровини за нашите производи од најчистите можни извори и одржувајќи ги нашите активни состојки што е можно поблиску до оригиналите. Најновите резултати од овие напори се нашата врвна производна линија на органски етерични масла и RiseUp MultiActive Collagen со биоактивен колаген за поддршка на движењето.

ПРЕМИУМ ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАСЛА
Билните есенцијални масла на Calivita се 100 проценти чисти и сертифицирани органски. Ова значи дека тие со гаранција не содржат било какви било хемикалии, пестициди или други загадувачи. Тие не содржат ниту синтетички материјали или вештачки мириси или загадувачи. Спротивно на досегашното верување, овие есенцијални масла не само што можат да ве расположат туку можат и да го подобрат Вашето здравје. Нашите производи содржат билни есенцијални масла во високи концентрации и само неколку капки се доволни за да ја почувствувате нивната магија. Што преферирате? Луксузна лаванда за релаксација? Благороден темјан за фокус и концентрација? Или можеби лимон кој ќе ве оживее за само неколку секунди?

RISEUP MULTIACTIVE COLLAGEN
Без сомнение, RiseUp Multiactive Collagen е нашиот производ кој постигна голем оваа година: тој се здоби со признание од клиенти од повеќе генерации и од помладите и од постарите генерации. А зошто? Бидејќи неговите активни состојки навистина помагаат во различни ситуации, било да е тоа подобрување на спортските перформанси или ублажување на проблемите со зглобовите предизвикани со возраста или од автоимуно потекло. И, згора на се, овој производ е исто така уникатен, благодарение на неговата комбинација на биоактивен колаген UC-II® и голема доза на хидролизиран колаген. Оваа формула не само што ја забавува деградацијата на зглобовите туку всушност може да предизвика и нивна регенерација! Други активни состојки – како што се шипинка, хијалуронска киселина, засилувачите од ’рскавицата и витамини – се вклучени за да помогнат во ублажување на болката, ефикасно да се намали воспалението и да се зачува флексибилноста на зглобовите. Освен тоа, важно е што нашиот производ не содржи шеќер, конзерванси и бои.

SUPER MEGA 50 ПОВТОРНО ДОСТАПЕН ВО НАШАТА МРЕЖА
Super Mega 50 е производ со високи дози на мултивитамини со продолжено ослободување, минерали, елементи во траги, антиоксиданти и биофлавоноиди, особено погоден за лица со интензивно темпо на живот.
Внесувањето на витамини е важно не само за спортистите и за луѓето кои работат тешки физички работи, туку е неопходно за здравјето на сите. Загадувањето на воздухот и водата ги зголемуваат дневните потреби од витамини посебно во големите градови. Стресот предизвикан од активниот начин на живеење, алкохолот, никотинот, кофеинот, конзервансите, ја зголемуваат потребата на организмот за витамини. Витамините се неопходни за развојот и виталноста на човечкото тело и за целокупното здравје. Тие ги регулираат хемиските процеси во организмот, се составен дел на ензимите и имаат дирекно влијание врз функционирањето на организмот.
За здраво функционирање на организмот покрај витамини ни се неопходни и минерали. Тие можат да се внесат во организмот само преку исхраната. Треба да се има предвид дека организмот најдобро ги искористува минералите кога се во хелатна форма.
И ВИ ВЕТУВАМЕ ДЕКА НЕМА ДА ЗАСТАНЕМЕ ТУКА И НИЕ ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА.
Останете со нас и продолжете со Вашата динамика со Calivita и во 2023 година!






Напишете коментар