
Незаборавно искуство во живописната Андалузија
Calivita ви нуди деловна можност да патувате во најпрекрасните места во светот, да запознаете фантастични луѓе, фасцинантни култури, чувствувајќи се слободно како дел од нашето огромно семејство




Кон крајот на септември, повеќе од сто наши менаџери тргнаа на пат во Шпанија за да присуствуваат на долгоочекуваниот семинар за успех на Calivita кој се одржа после долготрајна пандемија. Наша дестинација беше Кадиз, еден од најстарите градови во Европа, сместен во живописната провинција Андалузија. Нашата група во тек на целото патување зрачеше со позитивна енергија. Прекрасното време, прекрасната плажа на океанот како во бајка, и луксузниот хотел создадоа прекрасни впечатоци и можеме слободно да кажеме дека беше над сите наши очекувања.




Овој незаборавен одмор беше збогатен со најразновидна програма и изобилуваше со многу заеднички активности. Го посетивме градот Севиља и голем број други живописни градови и се запознавме со секојдневниот живот на најшармантните места во светот, им се восхитувавме на неверојатните коњи кои танцуваат и самите ги научивме чекорите на фламенгото и на крај ги освоивме брановите на Атлантикот со огромен катамаран! За вечера седнавме заедно во најубавите места среќни и задоволни, знаејќи дека целата напорна работа што ја направивме навистина вредеше.




Нашите членови кои присуствуваа на Семинарот за успех одлучија да ја искористат можноста што ја нуди Calivita да изберат вистинска слобода и независен бизнис. Нивната награда, покрај финансиската сигурност и напредокот е и можноста за едно незаборавно патување – овој пат во Андалузија. Оние кои беа таму добија нов импулс да вложуваат во градењето на нивниот бизнис понатаму… Ова е веројатно една од најомилените алатки во наши раце која ни помага да најдеме енергија да продолжиме и неуморно да им помагаме на нашите тимови за да им покажеме на другите дека постои можност за секого и дека навистина секој може да ги постигне целите што ќе си ги постави.
Сакате ли да го заработите истото признание и да бидете богати со среќни спомени за цел живот? Целосно зависи од вас, затоа искористите ја можноста да бидете меѓу најдобрите во годините што доаѓаат.

Напишете коментар