
На крајот на годината или на почетокот на новата година, повеќето од нас ја планираат годината што претстои, а врз основа на добрите деловни резултати се поставуваат целите за share marketing-от. Секако сакаме да постигнеме повисоко деловно ниво, но да не заборавиме дека имаме можност да заработиме повеќе и на сегашното деловно ниво под услов да ја подобриме нашата деловна структура.
Екстра бонус исплата со системот Bonus Booster
Деловните партнери од 10-18% имаат среќна можност што можат лесно да ја зголемат својата добивка благодарение на Bonus Booster системот. Овој систем се промени во 2022 година така што обезбедува поповолни услови за заработка за нашите членови од горенаведените нивоа.
Сакате ли да заработите повеќе пари? Но, не можете да го постигнете следното деловно ниво. Велат дека само еден чекор Ве дели од следното деловно ниво. Побарајте ги клучните луѓе, но не мора да се заглавувате во опсегот на плаќање само затоа што толку потребната клучна личност сè уште не доаѓа!
Bonus Booster системот Ви овозможува да добивате дополнителна исплата на бонус поради новите членови на тој начин што со него ќе го зголемите Вашиот моментален бонус.
„За мене, Bonus Booster е еден од најмотивирачките дополнителни бонуси. Резултатот од Вашата работа можете да го видите веднаш затоа што ќе го добиете со следната исплата на бонус. Тоа е стимулација за новите деловни партнери бидејќи лесно ќе можат да ги зголемат своите први бонуси, што им дава поголема мотивација за работа. Искористете ги предностите на Bonus Booster системот и охрабрете ги сите Ваши деловни партнери да ја искористат оваа можност бидејќи вреди!“
Софија Исток (Zsófia Istók), 12%, Унгарија

Ширење на мрежата и наоѓање нови деловни партнери вреди повеќе од кога било
Што треба да направите за тоа? Исто како тоа што го правите до сега, но поактивно да регистрирате нови членови, да ги мотивирате повторно да купуваат и да им помогнете да изградат своја мрежа. Посебно е значаен третиот чекор затоа што ако Вашиот нов, активен член (4-7%) го започне својот бизнис тогаш неговите групни бонус поени Ви се бројат двојно!
За среќа, CV Bonus системот совршено го пресметува нашиот бонус, но бидејќи овој бизнис е однапред пресметлив, ни овозможува прецизно да планираме и да се фокусираме за да добиеме повисок бонус!
„Бев на ниво 12% кога Bonus Booster системот беше инициран заради мотивација. На почетокот звучеше комплицирано, но во реалноста е многу едноставно. Уживајте во производите на Calivita, споделете ги Вашите добри искуства со другите и очекувајте ги бонусите!
Јелена Проковиќ (Jelena Proković), 15%, Србија

Системот Bonus Booster е добар за Вас затоа што:
Ако работите со Share маркетинг на ниво од 10-18%, тогаш можете лесно да го зголемите Вашиот основен бонус со Bonus Booster. Обезбедува инстант резултати, Вашата вложена енергија брзо се исплати, а Вие можете дирекно да влијаете на тоа колку Вашиот основен бонус ќе се зголеми. Можете да добиете други и дополнителни бонуси како TLB, за да можете да ја зголемите Вашата исплата уште повеќе!
Влезете во 2023 година помотивирано! Создавајте мрежа, уживајте во дополнителните бонуси што Ви ги нуди Bonus Booster системот и создадете постабилен и поголем бизнис! Ние Ви помагаме во тоа, тоа што треба да го направите е само да блескате!
Binus booster во бројќи:
• Досега, повеќе од 1000 членови на Calivita учествуваа во Bonus Booster предизвикот.
• Многу од нив можат да заработат речиси десет пати поголем бонус на крајот на месецот.
• Во 700 случаи основниот бонус бил најмалку двојно зголемен.
• Во повеќе од 2000 случаи основниот бонус беше зголемен за најмалку 50%.
• Најдобриот учесник може да си дозволи да оди на велнес викенди секоја година во текот на 100 години од тоа што го добивал како доплата до сега.
• ТОП 5 учесници, доколку се групираат, би можеле да одат на патување по Француската ривиера со ново Ферари благодарение на Bonus Booster системот.

Напишете коментар