Индивидуални ситуации, индивидуални потреби

Вашите потреби за витамини и минерали зависат од повеќе различни работи. Колку и какви микронутриенти му се потребни на Вашиот организам за да се чувствувате оптимално во секое време не зависи само од Вашата возраст, пол, физичка активност, исхрана туку и од низа други фактори.

Еден од факторите што влијае на лични потреби за витамини и минерали е полот, бидејќи поради разликите меѓу мажите и жените во однос на општата структура и физиологијата, на мажите и на жените им требаат различни количини на витамини и минерали.

Менструалниот циклус е одговорен за тоа што женскиот организам бара повеќе железо бидејќи тоа се губи од организмот со редовната месечна загуба на крв. За време на бременоста и доењето важно е мајката да внесува доволно витамини. Покрај зголемената потреба за железо и фолна киселина, зголемена е потребата и од други витамини. Подоцна во животот, менопаузата предизвикува многу промени, на пример таа влијае на структурата на коските кај жените и затоа внесувањето на калциум и магнезиум е многу важно за да се спречи или намали ризикот од фрактура на коските.

На мажите, од друга страна, за одржување на нивната нормална физичка активност им требаат повисоки дози на Б витамини. Покрај тоа треба да се знае дека на човековиот организам во периоди на стрес му се потребни повеќе витамин Ц и Д, а овие два витамини се многу важни и за пушачите и за тие што сакаат да консумираат алкохолни пијалаци.

Потребите за витамини кај бебињата, тинејџерите, средовечните жени и постарите се различни, но треба да се земе предвид дека секоја болест, како и индивидуалниот начин на живот, исто така ќе влијаат на видовите и количеството на витамини и елементи во трагови коишто треба да се внесуваат. Важна работа што треба да се знае за витамините е дека човековиот организам не може сам да ги произведе што значи дека треба да се внесуваат со правилна исхрана и со користење на суплементи.

Сакате ли да знаете кои се Вашите индивидуални потреби? Кликнете овде за да дознаете кои микронутриенти и колку од нив му се потребни на Вашето тело секој ден: ЛИНК.

Прво одговорете на прашањата, а потоа продолжете да го зајакнувате Вашиот организам директно со Calivita Unique, нашата висококвалитетна, персонализирана комбинација на додатоци за храна приспособена за Вашите индивидуални потреби. Вашиот личен производ доаѓа во дневни пакувања, така што ви преостанува само да посегнете и да го обезбедите вашиот дневен оброк.

Изберете ги висококвалитетните додатоци во исхраната на Calivita и користете ги оние кои најдобро одговараат на Вашите индивидуални потреби!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑