Вие сте тоа што јадете

Летото е годишно време кое изобилува со многу овошје и затоа  треба да го искористиме да јадеме што повеќе  свежо овошје. Но, многу е важно тоа да биде квалитетно и чисто. „Ти си тоа што го јадеш“- вели поговорката заснована на мисла која потекнува од античка Грција кажана од Хипократ. Ова денеска има се поголемо значење бидејќи приметуваме дека храната од конвенционалното земјоделство губи голем дел од својата хранлива вредност и дури содржи и хемикалии штетни за нашето здравје. Поради овие причини  сè повеќе го бараме и го цениме органското производство во однос на земјоделското.

Зошто  органското е подобро за Вас?

Постојат повеќе предности што го прават  органскиот производ  подобар избор.

1. Поздрав начин на живот

Оние кои користат сертифицирана органска храна веруваат дека на овој начин можат да водат поздрав живот, а придобивките што ги нудат суровините од еколошкото земјоделство се поткрепени со многу истражувања.

2. Похранлива храна, подобар вкус и подобар квалитет

Благодарение на нежните  методи на преработка кои биле познати уште многу одамна, органската храна  содржи повеќе витамини и минерали, има подобар вкус и  подобар квалитет од конвенционалните неоргански производи.

3. Чистота и безбедност

Важно е дека органските производи се произведуваат без употреба на синтетички хемикалии, што значи дека производите од еколошкото земјоделство се ослободени од фунгициди и инсектициди и  средства за дезинфекција на почвата.

Calivita ги следи овие трендови, во производство на нашите производи користиме природни суровини и постојано ја зголемуваме нашата палета на органски производи.

Еден од нашите водечки производи, Organic Noni, не само што е сертифициран за органски, туку неодамна е и одделно сертифициран и гарантиран дека е без какви било пестициди или други хемикалии од страна на органот за безбедност на храна на земја-членка на ЕУ. Со други зборови, чистотата и безбедноста на овој производ се потврдени  од две посебни  организации кои се независни една од друга. Затоа без да се двоумите одберете Organic Noni од Calivita за Ваше добро здравје и здравјето на целото семејство. Продолжете да ја пребарувате нашата палета за да одберете и  други сертифицирани органски производи и уживајте во придобивките од нив!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑