SambuRex – комплекс од билки за појак имунитет и послабо дејство на патогените

SambuRex е течен концентриран препарат за поддршка на имуниот системот кој содржи висока концентрација од бозел во комбинација со други билки меѓу кои и добро познатата ехинацеа.

SambuRex е вкусен течен хербален производ погоден за употреба на сите членови од семејството со него одлично ќе се заштитите од вирусите на настинка и грип кои се вообичаени за постудените месеци во годината. Тој е ефикасна и природна поддршка на имунолошкиот систем за спречување на настинки и респираторни инфекции намалувајќи ја нивната тежина и времетраење на таков начин што активните состојки го зголемуваат производството на имуните клетки, ја потенцираат нивната активност и го спречуваат размножувањето на вирусите.

Лековитото дејство на бозелот било познато уште многу одамна. Бозелот бил познат во кинеската медицина поради неговите антибактериски, антиинфламаторни и имуно-стимулативни својства, најмногу за третман на ринитис и иритација на слузницата на синусите и респираторните органи, без разлика дали се работи за инфекција или алергија. Денес научниците врз основа на истражувања потврдуваат дека бозелот е ефикасен непријател на вирусите! Биофлавоноидите и протеините во сокот од бозел ја уништуваат способноста на вирусите да ги инфицираат клетките и ја подобруваат работата на имунолошкиот систем преку стимулирање на производството на цитокини кои се важни регулатори на работата на имунолошкиот систем. Истражувањето спроведено од израелската онколошка лабораторија Хасасах потврди дека растителните материи од бозелот го стимулираат имунолошкиот систем до таа мера што потоа се користеле за лекување на рак и СИДА. Бобинките од бозел содржат малеинска и винска киселина, заедно со бројни други супстанции кои имаат лаксативно дејство (го поттикнува движењето на дебелото црево), диуретичко (поттикнува мокрење) и дијафоретичко (го поттикнува потењето). Тоа значи дека вкупниот ефект може да се опише како детоксикација. Затоа Samburex може да се зема дури и кога сте здрави и сакате да го исчистите Вашето тело.

Echinacea purpurea и Echinacea angustifolia кои влегуваат во состав на овој производ се две верзии на истото растение кое потекнува од Северна Америка и двете се богати со фитохемикалии кои го подобруваат имунолошкиот систем. Статистичките податоци во повеќе од 700 студии и анализи покажуваат дека ехинацеата го намалува ризикот од настинки и грип за дури 58%. Оваа билка делува на зголемување на нивото на пропердин, супстанција која ја зголемува отпорноста на телото од вируси и бактерии. Ехинацинот пак што го содржи оваа билка ги штити клетките од дејството на вирусите со механизми слични на дејството на интерферон. Ехинацеа е одлично средство за прочистување на крвта, го смирува воспалението и помага во побрзо заздравување на бактериски инфекции на кожата. Бидејќи ехинацеата го стимулира производството на имунолошки клетки директно во коскената срцевина корисна е за луѓето кои се подложени на хемотерапија.

Витаминот Ц игра незаменлива улога во имунолошката одбрана на телото. Неопходен е за активноста на леукоцитите и нивната ефикасност против патогените како и за правилно функционирање на тимусот – главната жлезда на имунолошкиот систем.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑