Школската година почнува!

Со пристигнување на есента учениците и студентите се враќаат повторно во училишните клупи. Затоа сакаме со Вас да споделиме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да ги поддржите Вашите најблиски полесно да учат и да се концентрираат.

Подобри резултати со Омега 3

Омега 3 е една од најпознатите и најважните активни супстанции. Тој игра важна улога во телото уште од самиот почеток, почнувајќи од феталниот развој во утробата и продолжувајќи низ раното детство и периодот на адолесценција. Тој е вклучен во развојот на мозокот, видот и централниот нервен систем, процес што сè уште трае кај децата во училишна возраст. Истражувањето во кое учествувале повеќе од 800 ученици покажало дека децата кои во училиштата имаат оброци богати со риба постигнуваат многу подобри резултати. Затоа дополнително зајакнување со Омега 3 во исхраната на децата ако таа не содржи доволна количина риба е добра идеја и ние за тоа Ви предложуваме квалитетен додаток во исхраната.

Подобра меморија и подобра концентрација

Nordic Pure Omega 3 Liquid од Calivita содржи чисто рибино масло во течна форма, со висок сооднос на DHA. Благодарение на неговиот нежен вкус на лимон, подеднакво е популарен меѓу младите и постарите. Редовното консумирање на овој производ им го олеснува учењето на децата, им го олеснува читањето и пишувањето. Други корисни ефекти се подобри вештини за решавање проблеми како и зголемена меморија и концентрација. Овие сознанија се врз основа на набљудување на деца кои покажувале знаци на синдром на недостаток на внимание. Освен тоа, Омега 3 може да им помогне на Вашите деца да спијат подобро и поздраво, да стануваат посвежи и порелаксирани наутро, а исто така придонесува да се избегнат проблеми во однесувањето, па дури и проблеми со симптомите на депресија.

Ментална рамнотежа во сите возрасти

Не само децата, туку и учениците и студентите се враќаат на училиште кога ќе дојде есента, а Омега 3 има важна улога и во нивните животи бидејќи им помага побрзо да размислуваат, ја подобрува меморијата и способностите за учење, им помага да се одржат во добра физичка форма, а исто така обезбедува и ментална рамнотежа спречувајќи го лошото расположение и депресијата.

Ментална свежина без кофеин

Со цел да ја подобрат својата концентрација и да останат подолго време будни додека учат за испити, некои студенти почнуваат редовно да земаат енергетски пијалаци или слични работи. Ова е многу погрешно, а добрата вест е дека ние имаме да им понудиме многу подобро решение!

#boostUp од Calivita благодарение на активните состојки што ги содржи помага да се одржи менталната свежина без кофеин и вештачки адитиви. Оваа способност доаѓа од бакопа (Bacopa monnieri), лековита билка која потекнува од Индија. Всушност, бакопата се користела за зајакнување на мозочната активност, подобрување на моќта на меморијата и зголемување на фокусот и вниманието уште многу одамна. Овој производ е комбиниран со гинко билоба, магнезиум, витамин Б5 и фосфатидилсерин. Нашиот производ не содржи вештачки адитиви, воопшто не предизвикува зависност, што значи дека не можете да се „навлечете“ на него. Овие вегански капсули во себе ја содржат моќта на лековитите растенија познати и користени илјадници години, дополнително зајакнати со посебно избрани витамини и минерали

Започнете ја оваа есен со нас со цел да постигнете подобри резултати и да имате навистина успешна училишна (академска) година!

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑