Одлучите се за органски производ – изберете Organic Noni од Calivita!

Во последниве години органските производи имаат се поголема популарност, тоа е причина повеќе што потрошувачите кои се грижат за здрав начин на живот одбираат да користат сертифицирани органски производи. Истражувањата направени до сега ги истакнаа предностите што ги нудат суровините од еколошкото земјоделство. Calivita која уште од самите почетоци користи суровини од природни извори се повеќе ја проширува својата палета на органски производи.

Органските производи се произведуваат (или се одгледуваат) без употреба на синтетички хемикалии. Тоа значи дека производите од органско земјоделство не содржат фунгициди или инсектициди, како и од други хемикалии што се користат за дезинфекција на почвата. Значи за производство на органска храна се користат само адитиви кои не се штетни за здравјето на луѓето.
Покрај овие предности, органската храна е покорисна во споредба со неорганската бидејќи содржи поголеми количини на витамини и минерали, а предност се и веќе докажаните со векови методи на нежна обработка што се користат при производство на органските производи.

Во нашиот модерен свет, пожелно е сите да внимаваме што јадеме, да внимаваме и на квалитетот и на потеклото на храната што доаѓа до нашите трпези. Студијата спроведена од Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) откри глифосат – најверојатно канцероген пестицид што се користи во конвенционалното земјоделство во телата на околу 80 проценти од испитуваните!

Сè на сè, јасно е дека пестицидите имаат штетно влијание врз Вашето здравје, а особено врз функционирањето на црниот дроб бидејќи организмот тешко се ослободува од токсините, а тоа не прави да се чувствуваме безволни, уморни и неактивни. Треба да се знае дека овие агенси потенцијално можат да го зголемат и ризикот од повеќе нарушувања во развојот, дури да доведат и до спонтан абортус. Затоа дефинитивно треба да се потрудите да купувате и да консумирате храна што не содржи вештачки супстанции.

Organic Noni од Calivita не само што е органски сертифициран, туку содржи и посебен сертификат со кој се гарантира дека не содржи никакви пестициди или други хемикалии кој го има издадено орган за безбедност на храна на земја-членка на ЕУ. Навистина сме горди што Ви нудиме производ чија целосна чистота и безбедност се потврдени од две доверливи организации кои се независни една од друга. Овој податок со право го прави Organic Noni на Calivita најпопуларен на пазарот.

Ако сега го купите Calivita Organic Noni Pack, ќе добиете 4 производи по цена од 3, што значи дека можете да уживате во висок квалитет по одлична цена и да помогнете да се зачува здравјето на целото семејство. Тоа е одлична можност која не треба да ја пропуштите: земете го и продолжете со прелистување за да најдете други корисни органски производи во веб-продавницата на Calivita.

Овошјето нони се користело со векови со цел да се зачува доброто здравје и младоста и да се зајакнат механизмите за самолекување на телото. Незрело луѓето го ставале на длабоки отворени рани и воспаленија, додека зрелото овошје го нанесувале на гребнатинки и чиреви. Традиционалните исцелители би го препорачале и за лекување на проблеми со срцето, висок крвен притисок, артритис, чир на желудникот и проблеми со варењето, како и астма, па дури и тумори.

Напишете коментар

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑