
Енергијата што Ви ја пружија летните одмори и распустот може да потрае уште неколку недели, до есента. Но, како деновите стануваат пократки, а времето станува помрачно и работните обврски почнуваат да се натрупуваат можно е да почувствувате дека меланхолијата и безволноста стануваат дел од Вашето секојдневие. Добрата вест е дека можете повторно да сметате на нас дека ќе Ви понудиме решение!

Поуспешни и порасположени на природен начин!
Во вакви моменти можеби ќе ви треба мала дополнителна помош, ќе имате потреба од нешто што нежно и природно ќе ви го поправи расположението, ќе ви помогне да имате подобра концентрација, го зајакнува нервниот систем па со право може да се нарече и храна за мозокот. Производот на Calivita Energy&Memory може да им помогне на сите кои учат бидејќи неговите активни компоненти се посебно одбрани за да помогнат при зголемен ментален напор. Содржината на кофеин и гуарана делува стимулативно, додека пак магнезиумот помага при намалување на заморот и исцрпеноста. Лецитинот може да помогне во полесно справување со стресот и намалување на неговите ефекти, бидејќи според една научна студија тој го намалува нивото на кортизол, познат како хормон на стрес. Цинкот кој исто така е во состав на овој производ е добро познат антиоксидант, кој придонесува за одржување на нормална ментална функција, додека пак витаминот Е и селенот ги штитат клетките од оксидативен стрес, кој се зголемува за време на стресните ситуации. Ова значи дека активните состојки на Energy&Memory можат ефикасно да ви помогнат да ја вратите вашата ментална рамнотежа и со леснотија да ги извршувате вашите обврски. Треба да се знае дека сите овие активни компоненти се во количини кои се безбедни и не може да предизвикаат никакви несакани ефекти или ризик од зависност. Не содржат никакви вештачки адитиви и нивната содржина лесно може да се апсорбира во Вашиот организам.

Капка спокојство
За да создадете порелаксирана атмосфера и подобро расположение, асортиманот на есенцијални масла на Calivita може да биде од голема корист. Познато е дека лавандата ослободува од стресот и има моќ да поттикне мирен сон. Својствата на оваа мирислива билка им биле добро познати уште и на нашите предци. Органското масло од лаванда од Calivita ги содржи испарливите компоненти на оваа лековита билка во концентрирана форма, овозможувајќи ефикасно да го релаксира телото и умот. Од друга страна пак, органското есенцијално масло од лимон е природен стимуланс познат по своите освежувачки својства, подобрување на расположението и делува како природен антидепресив. Исто така го зајакнува креативното размислување, концентрацијата и менталната моќ воопшто.

Цврста имунолошка функција
Во напорната есенска сезона многу е важно да бидеме јаки о отпорни, да имаме добар имунитет. Затоа доколку за време на летниот период сте го прекинале користењето на витамин Д, време е да почнете да го земате. D-drops од Calivita е течност која лесно се дозира со нежен вкус на цитрусно овошје што ја прави омилена кај секој член на семејството. Одберете го пакетот од четири шишенца и ќе имате специјална цена.

Ви посакуваме лесно да го поминете есенскиот период!







Напишете коментар