
Пристигна јули, а со тоа и високите температури. Во овој период од годината на нашиот организам за правилно функционирање му се потребни поголеми количини од минерали отколку вообичаено. Тоа е затоа што поминуваме подолго време на отворено, повеќе се движиме, повеќе се потиме и при тоа се губат минерали кои треба да ги надополниме. Ова посебно се однесува за магнезиумот кој е многу важен за нормално функционирање на мускулите. Во лето се повеќе го користиме велосипедот, поминуваме време на плажа, пливаме и уживаме во многу други спортови, поради тоа на нашиот организам му треба повеќе енергија и треба да се надополнат резервите со магнезиум.
Производот на Calivita MagneZiB6 е создаден за да обезбеди комплетна поддршка на мускулниот и на нервниот систем. Тој покрај магнезиум содржи витамин Б6 и цинк. Овој производ посебно се препорачува за спортисти, луѓе со зголемена физичка активност, во случаи на прекумерно губење на течности (на пр. со потење) и секогаш кога чувствувате дека ви треба повеќе енергија.
Со потењето покрај магнезиум се губат и други минерали како на пример калциум кој исто така е важен за нормална функција на мускулите.
Calcium Magnesium PLUS од Calivita е производ кој содржи калциум, магнезиум, витамин Д3 И К2. Наменет е за поддршка на здравјето на коските, нормалната функција на мускулите и нервниот систем. Со негова употреба ќе бидете сигурни дека ќе го задоволите потребниот внес на калциум дури и при зголемена физичка активност.
Нашиот организам може да создаде некои од витамините, но не е во состојба да произведува ниту еден минерал. Значи, потребно е минералите да ги внесуваме во организмот однадвор со исхраната или како додаток на храната. Меѓутоа, ако од кои било причини во нашата исхрана недостасуваат минерални материи, во организмот настануваат сериозни нарушувања на здравствената состојба. Во овој случај (како и при долготрајни и зголемени физички напори, силни тренинзи и натпреварувачки спортови) минералите мораат да се надополнуваат преку додатоците на исхраната.
Калциумот и фосфорот се заедно одговорни за здравјето на коските и забите. Калциумот и магнезиумот заедно имаат важна улога за нормалното работење на срцето и циркулацијата. Калциумот исто така придонесува за подобра апсорпција на железото и го помага работењето на нервниот систем, посебно на нервните дразнења. Магнезиумот е неопходен за ефикасно функционирање на нервите и мускулите и игра важна улога во претворањето на шеќерот од крвта во енергија. Без хром нема правилен метаболизам на јаглехидратите. Кобалтот е исто така неопходен за создавањето на еритроцитите – слично како и железото. Железото не може да се асимилира во хемоглобин без присуство на бакар. Јодот е потребен за правилно работење на тироидната жлезда. Манганот е неопходен за работењето на некои ензими за варење на храната и игра важна улога во создавањето на хормоните на тироидната жлезда. Молибденот го подобрува метаболизмот на јаглехидратите и мастите, и претставува важен дел на ензимите одговорни за искористувањето на железото. Натриумот ја регулира рамнотежата на солите и водата во организмот заедно со калиумот. Тие го нормализираат ритамот на срцето и помагаат во исфрлањето на отпадните материи од организмот. Селенот е важен антиоксиданс заедно со витаминот Е, и го спречува или барем забавува стареењето на ткивата и помага во превенцијата против настанувањето на туморите. Цинкот ги контролира и управува метаболните процеси во организмот и работата на ензимските системи. Тој ја одржува целокупноста на клетките, и е неопходен за синтезата на белковините.
Потребите на организмот од поединечни минерални материи се големи, како на пример од калциум, магнезиум, фосфор, калиум и хлор а цел спектар на минерали можете да го најдете во нашиот добро познат производ Power Mins. Задоволете ги потребите на Вашиот организам со минерали и искористете ги придобивките од квалитетните производи на Calivita.




Напишете коментар