
Сонцето не е единственото нешто што ни го пружа летото. Во лето и природата ни го нуди своето изобилство од билки. Типичен цвет за овој период од годината е лавандата, оваа мирислива билка со векови се негува и се користи на многу различни начини благодарение на драгоцените активни супстанции што ги содржи.
Најголема популарност лавандата стекна откако францускиот хемичар Гатефосе ја употреби за лекување на тешка повреда на раката настаната како резултат на експлозија во фабрика за парфеми. Тој ја употребил лавандата за лекување на изгореницата и за спречување на инфекција, но резултатите биле зачудувачки бидејќи повредата поминала и без лузна!
Лавандата на козметичката индустрија и била позната уште многу одамна. Уште нашите баби и дедовци знаеле дека малку масло од лаванда прави чуда за косата. Измешајте само неколку капки лаванда во Вашиот регенератор и ќе добиете прекрасна, сјајна и мирислива коса. Покрај тоа маслото од лаванда ја заштитува косата од силна сончева светлина и зрачење.
Органското масло од лаванда на Calivita има и многу други придобивки и затоа може биде добар пријател на целото семејство во лето. На пример, може да се третираат рани, исеченици, гребаници, корисно е за заштита од молци, комарци и други инсекти.
За безгрижен одмор, одлично расположение и целосно уживање не заборавајте да понесете органско етерично од лаванда на Calivita.


Напишете коментар