
Сигурно сте се нашле во ситуација кога за време на деловна презентација сте почувствувале намалена самодоверба или сте добиле прашање на кое не можете убаво да одговорите.
Со зајакнување на Вашите говорни вештини ќе може лесно да се справите со ваквите ситуации и ќе имате позитивен исход дури и ако клиентот претходно имал негативен став. Затоа што тој што е добар говорник способен е да ги брани своите интереси и умее љубезно да се справи со сите прашања и со сигурност ќе успее да изгради свој бизнис. Како може тоа да се постигне? Кои се тие три говорни вештини кои ќе Ве научат да го направите тоа?
Првата е добра техника на поставување прашања. Со поставување на соодветни прашања лесно ќе можете да го запознаете потенцијалниот клиент и со тоа ќе елиминирате многу прашања. Со добри прашања успешно ќе го водите разговорот кон победа. Ако до сега не сте го направиле ова, вреди да почнете да ги проучувате техниките на испрашување.
Втората важна вештина е трпението. Изградба на добро структурирана мрежа бара време. Некои потенцијалните клиенти полесно прифаќаат кога постепено ќе ги информирате, отколку ако наеднаш ги бомбардирате со информации. Затоа е потребно повеќе пати да се разговара со нив. Не плашете се од неколку рунди дискусии! Користете ги деловните алатки! Докажано е дека аудиоматеријалите како информација, во овој случај се од голема помош.
И последно, но не и најмалку важно е третата вештина – подготвеноста. Кога ги правите првите презентации побарајте помош од Вашиот спонзор, а исто така и консултирајте го во секоја нова ситуација. Важно е да се запознаете со повеќе искуства од корисници на производите за можете успешно и убедливо да ги презентирате пред потенцијалните клиенти.
Со тек на време сето ова ќе ви стане рутина. Презентациите со позитивни резултати ќе ја зајакнат Вашата самодоверба и ќе остварите добри деловни резултати. Додека ја градите вашата мрежа Calivita, ви нуди повеќе можности да ги развиете своите преговарачки вештини. Една од предностите на овој бизнис е што стекнатите преговарачки вештини ќе можат да ви послужат и во многу други области од животот. Затоа не плашете се да правите презентации!

Напишете коментар